1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Една вера - различни ритуали

Дискусија во 'Религија' започната од Snow-Queen, 7 јануари 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Доволно е да воочиме дека во нашава земја, која е мала во споредба со другите. Еден празник на 100 различни начини се слави во различни краеви (од црква до црква се разликува а не ап пошироко). А тек другите земји... Што мислите, која е последицата за тоа да се имаат различни ритуали/адети а иста вера сме, исто славиме. И доколку имате некој пример кажете го.

    Ете пример, во Србија не палат огин за коледе. Они немаат коледари, туку Polaznik - кој прв во куќата ќе им влезел сабајлето на Божиќ се дарувал и се верувало дека тој среќата ќе им ја донесе. Ако им тргне годината, догодина пак истиот човек си го викаат.
     
  2. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Една вера а различни ритуали/адети

    Баш прегеска кога го гледам филмот со Исус христијаните клекнати на земја се молат :^) И ми кажаа дека пред 10 години и овде во Македонија почнале така да се молат :^)
     
  3. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Баш на телевизија денеска гледав....Во некои градови за Божиќ се седи дома со најблиските...во некои градови имаат маскенбал...
    Стварно е чудно..иста вера а толку различни обичаи :)
     
  4. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    Па мислам дека нема некоја врска со верата, таква е традицијата во тој дел од државата/светот. Нема врска со библијата на пример, само таков обичај се развил во тој дел.
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    Ние дома немаме обичај да бараме паричка за Бадник туку за Св. Василиј, откако знам за себе. Иако многумина околу нас го прават тоа за Бадник нели, мајка ми во повеќе наврати ми зборувала дека исправно било на Св. Василиј но не ми објаснила зошто.

    Наидов на еден текст кој објаснува зошто е погрешно ставањето паричка за Бадник и зошто тоа треба да се прави на Св. Василиј.

    ЗОШТО НА ПРАЗНИКОТ НА СВ. ВАСИЛИЈ СЕ СТАВА ЗЛАТНИК ИЛИ ПАРИЧКА, А НЕ НА БАДНИК
    Историјата на «василопитата» е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.
    Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.
    Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан.
    За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.
    Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.
    Така значи, со тогашната «василопита», св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

    Прочитајте, интересен текст. И ме интересира, што мислите, од каде е кај нас адетот да се бара паричката на Бадник?

    Извор http://preminportal.com.mk/content/view/11326/54/
     
    На Bitter-Sweet, Hopeful, Anouk и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    ^Познавам и јас една другарка, што тоа го прават на Св.Василиј. Но ние тоа го правиме на Бадник :D

    Инаку текстот што си го нашла е интересен. :)
     
  7. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    ^ Колку што имам прочитано, тоа што голем дел ја бараат паричката на Бадник било превземено од србите :)
     
    На Angel-Adriana и babyblond им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.013
    Допаѓања:
    198.827
    Пол:
    Женски
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    А србите тоа го прават на Божиќ, не на Бадник. Во Охрид и Охридско, од каде што сум јас, се прави на Василица или Стара Нова Година. Тогаш е правилно, според погоре напишаната приказна. Инаку, сум слушнала дека само во Скопје и во Струмица се врти леб со паричка на Бадник, во останатите делови на Македонија се прави на Василица. Поправете ме ако грешам.
     
    На okcenzi, babyblond и vitomir им се допаѓа ова.
  9. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    Паричка на Василица е во Охрид и Битола како што знам . А останатиот дел од Македонија на Бадник , . Традиција е останата на Бадник се крши лебче со паричка дали е правилно искрено не знам .
     
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    Ние стружани ја вртиме и на бадник и на василица. :D
    Шоубо, имаш шанса два пати да ти падне паричката. ]:)
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.546
    Пол:
    Женски
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    Јас сум од Битола и кај нас за Василица се врти мазник со паре, не за Бадник. Во мојата фамилија правиме питулици со лук и оревчиња со паре, тоа ни е стара традиција инаку главното вртење е за Василица. Единствено не ми се бендисва обичајот на коцкање за Василица и што се врти мазник и на работните места и со друштво и по културно уметнички друштва и невладини организации. Треба да се врти мазник само дома,спрема обичајот и досадни се децата со спиљоните тие се само за Коледе ,бидејќи ги сметаат како гласници на Христовото раѓање. Интересно е што се пали оган и што се јадат колбаси, иако нема некоја врска со горенапишаната приказна. Ова за на Бадник е некоја нова мода на скопјанишчана хахахаха ова чисто за мајтап до охриѓаните :) инаку немам ништо против скопјаните едни од најзначајните личности во мојот живот се скопјани.
     
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    Не е само во Скопје за бадник и во Струмица , Штип , Велес , Берово , Делчево, Кочани цел источниот дел на Македонија . Во западниот дел се практикува на Василица , а и не ни толку битно , адет си е адет не може од денес за утре да се смени како правеле порано се прави и сега .
     
  13. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    Интересен е текстот.
    Ние отсекогаш сме делеле лебче (кравајче) и на Бадник и на Василица.
    Кај моите тоа делиме за Василица, свекрва ми го немаат тој обичај. Тие само за Бадник.
    Така да за Бадник делиме на две места. :)
     
  14. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Зошто е погрешно ставањето на паричка за Бадник!

    И во Велес на Бадник, а имам другарка од Скопје и ми има кажано дека они дома вртат леб со паричка на Стара Нова Година.
     
  15. Konfetka

    Konfetka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    34
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Пошто темата е за обичаи, а нема општа тема за Велигден, да си прашам.
    Ланското велигденско јајце, она што се вапца прво и што се чува.
    Знам нешто имаше обичај со него на Велики Четврток...
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ~ На велики четврток пред изгрејсонце се бои црвено јајце (во непарен број 1 или 3 или 5...), а ланското се чува за украс :D појма немам за ланското. Знам дека на сусетка внука го скрши јајцето кое го чувала неколку год и внатре немаше ништо (испарило се)
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Знам некои го закопуваат во нива демек да биде плодна годината (ама ја немам нива ... дури ни туѓа во близина :worried: :D ), други пак ми викаат да го фрлиш во истечна вода-река, демек да ги однесе сите лоши работи од лани....ама не знам колку се` тоа е правилно и дали треба на Велики Четврток истото да се направи или кога. Знам викаа за некој ден ама да ме утепаш не се сеќавам.
     
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    На Велик четврток, утрото пред изгрејсонце домаќинката на куќата вапцува 3 јајца, едно за Исус, едно за домаќинот на куќата (најстариот) и едно за бериќетот-работата. Пред да ги вапца домаќинката не треба да е гладна, треба да има изедено барем едно залче леб, за да не ја распукне моќта на јајцето, да не стане несреќна. Тоа јајце има лековита моќ, штити од болести, пожар и сл. и се остава во црвена марама (крпа) во сито во двор за да го осветлат првите сончеви зраци и потоа со него се врти по образите на децата и се кажува црвено, бело, дебело (здраво). А за претходните јајца и јас имам слушнато дека се закопуваат во нива, ама зошто незнам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Секоја црква буквално приказна за себе, ете ние со дечко ми, а и брат му сме кумови годинава. Мене ми рекоа кумата треба да фрла бонбончиња во црква, а на снаата и рекле не треба :?: