Една вера - различни ритуали

Discussion in 'Религија' started by Snow-Queen, Jan 7, 2013.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2012
    Messages:
    4,054
    Likes Received:
    11,232
    Gender:
    Male
    Тоа е така затоа што различни народни обичаи се накалемени на христијанството на различни места од Балканот. Секое село си го измешало христијанството со своите локални обичаи што им се допаднале. Сепак за сите нив има едно нешто заедничко: пијанство и весеље. Чашата со вино, пиво или ракија мора високо да биде дигната и да се прави „живели“ со неа. Тоа е заеднички обичај/ритуал за сите краишта на балканов, а се друго се културолошки и етимолошки нијанси.
    Ние најдобро се опишуваме со зборот „празникољупци“. Ние како народ сакаме празници, сакаме кога не сме на работа и кога имаме прилика да се изнапиеме, изнаиграме. Речиси на никој не го интересира суштината на празникот, зошто се прославува, какво е значењето за нас и сл. Има луѓе што апла преку цела година ти викаат дека Исус не воскреснал од мртвите, дека тоа е бајки, митови... а сепак вапцаат јајца и си го слават празникот. Тоа не е вера за нив. Тоа е традиција.

    А верски би се обединиле, само доколку сите би се навратиле на Изворот - а тоа е Исус Христос. Сите цркви би се синхронизирале доколку се оградат од паганските елементи кои што се накалемиле за нивната вера и се навратат на Исусовото и апостолско учење запишано во Светото Писмо. Но и тоа не е така едноставно, затоа што на народот (во целина гледано) многу им се поважни обичаите и традициите (така рекле старите), отколку Исусовото учење.
     
  2. tessie

    tessie Форумски идол

    Joined:
    Nov 11, 2010
    Messages:
    5,770
    Likes Received:
    23,808
    Gender:
    Female
    Доколку обичаите се убави и се во согласност со начелата на верата (да нема пијанчење, галамење, прејадување, колење на животни како курбан што воопшто не е дел од христијанското учење), тогаш би претставувале некој украс, одлика, но не би рекла на религијата, туку би претставувале дел од традицијата и културата на местото од каде што потекнува обичајот. Доколку така се сфатат, зошто да не се задржат? Но, малото познавање и малиот интерес за запознавање со сопствената религија си го прави своето и луѓето го мешаат паганското со верското, традицијата со верата... дури и јас си признавам дека не ретко се наоѓам во недоумица што и како да го направам. На крај си се тешам со помислата дека најважно е дека сум избрала одреден начин да го прославам денот кој е значаен за мојата вера на начин на кој доликува.
     
    Gordana10 likes this.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    14,293
    Likes Received:
    84,102
    Gender:
    Female
    Мене оваа разноликост не ми се допаѓа, една вера е и треба обичаите да се исти но ете традицијата е таква, во западна Македонија и во источна Македонија има разлики. Е сега, мислам дека ние западниве сме поблиску до вистинските и правилните обичаи со оглед на тоа што паричката ја бараме за Василица а не за Бадник. Мислам, постои некоја позадина поради која се почнало на тој ден а која е позадината за Бадник? Си го измислил некој и почнале да го следат и другите. А можеби се лажам но кај католиците мислам нема такви разлики и поделби, а башка, нивниот календар е поправилен од нашиов но тоа не е тема на муабет.
     
    JollyGirl likes this.
  4. joy1

    joy1 Форумски идол

    Joined:
    Aug 14, 2012
    Messages:
    20,484
    Likes Received:
    335,157
    Gender:
    Female
    Jas ziveam vo zapadna Mak i parata ja barame na Badnik ne na Vasilica(zboruvam za mojot dom i kaj svrkrva mi)
     
  5. Sashko1992

    Sashko1992 Истакнат член

    Joined:
    May 29, 2016
    Messages:
    1,114
    Likes Received:
    1,526
    Gender:
    Male
    И во североисточна е исто, ма да јас моментално живеам во СК, али за празници сум кај моите дома.