Ова е речиси нова серија на Канал 5. Се работи за самохрана мајка на 4 деца. Мајката прави се од себе за да најде добра работа за да може да ги чува. Поради тоа што ја однесе најмалата ќерка на работа бидејќи немало кој да ја чува настана мал хаос и ја избркаа без да и ја платат платата. Нејзиниот син својата плата, која сакаше да ја дај на својата мајка за киријата, по убедување на својот другар ја вложи во трки и ги изгуби. Нивната финансиска состојба е многу лоша, нема пари ни за јадење за децата . Синот заврши во затвор, тужителот бара пари за да ја повлечи тужбата. Газдата од куќата сака да ги избрка....
Една од многуте серии кои воопшто не ме привлекле на почеток да редовно ги гледам. Ќе видиме понатака како ќе се покаже
Не ми има оставено впечаток како многу добра серија ама онака не е многу лоша. Ја гледам од време на време. Ме нервира тоа што мајката прави се за да ги издржува децата а се плаши да им кажи што работи. Мислам не е страшна срамна работа па да крие. Прифати да работи за да го извади од затвор синот за на крај тој да вика да бара да види што работела...
Според мене серијава е катастрофа, многу досадна приказна Богаташ се заљубува во сиромашна жена со деца, ептен тапа. Ја загледав затоа што после неа следи Забрането јаболко
И јас ја загледав ради Забрането јаболко што е после неа. Не знам зошто Нефисе кријаше од своите деца за работата. Ме нервира тоа што немаат покрив над главата ама ќе и се лутат дека станала заштитно лице. Можеле да ја направат поинтересна серијава.
Една од серии кои се толку провидни да бе сега Пепелашка сиромашна и сега оп,станува богаташка ...не ја гледам
Нефисе делува дури некако...малоумно. Како Девица Марија се понаша. Незнам зошто крие дека има деца. А и тој Музафер незнам како се затреска во неа, не е нешто посебна, нема харизма..напротив е досадна,млитава и обична.
Глупа серија. Ич не губете време на неа Ја гледав уште пред 2-3 год на турски. И јас ја гледам понекад дур ја чекам другата но ау оваа ми иде на нерви Кого го интересира ќе пишам што ќе се дешава. Само " синот" на Нефисе е украдениот син на Музафер....
Спојлер Оваа лудава сегашна девојка на Музафер ќе ја убие Kanatsiz Kuslar (Птици без крилја) е на турски