Нефисе воопшто ја немаше во последните 2 часа од серијата. Птице без крила 51 епизода на српски ја има на Јутуб со превод
Не верувам за една епизода да се откажала. Така им било испланирано, да умре ликот. Последниве епизоди досадниии Ахмет ќе го покажат во затвор?
Ништо нема да прикажат плус. Уште 2 епизоди ќе бидат кај нас.Син ми си/не ти сум цееел саат,на крај на болница,па на гроб по 2 години сите ќе и кажуваат на Нефисе по нешто,Зејнеп ќе и стави пупенца бебешки розеви демек еве женско бебе ќе имаме и ќе се вика како тебе,па ќе ја фатат болки заминуваат сите и толку. Глупости
Навистина глупости. Таа што беше толку посветена на децата, на крај ќе ги остави демек изгубила желба за живот. Па и малата Ајсун на крај ќе ја остави во болницата и ќе избега . Што крај ќе беше ова . Се прашувам дали воопшто требаше да ја гледам . Ај уште јаболкото да го догледам и се откажувам од турски серии .
Да беше машко, Ахмет До кога канал 5 ќе ги развлекуваат последните сцени, досадно е без негативните ликови. Оној Онур ме нервира. Ќе ја отепаше на таа зошто го бакнала, ко којзнае што се десило.... а 100% ќе беше со неа да испаднеше дека Зејнеп навистина не го сака. Зејнеп ја удрил, а таа му раскина пред да отиде кај Ахмет. Немаше никакво право да и се сили. И цела серија патетично трча по неа после се што му сокри и после опседнатоста со Ахмет. Ај Ахмет е болен и затоа не ја заборави, ама овој.... Друга работа, воопшто не наликува на богаташ, требаше да го средат подобро. Брат му делува таман за статусот, овој личи на просечно ситуиран дечко. Картал изгледаше 100 пати попрефинето од него.
Серијава заврши, а на сајтот на канал 5 им стои во програма за наредни два дена. Сега не знам какви измени ќе направат, репризата од Браќата во колку саат ќе оди, зашто неа ја гледам, не можам во 17.00.
Поглупав крај не можеше да има серијава.. Нефисе цел филм се жртвуваше за децата за на крај да ги остави сами и умре, можеа да смислат поубав крај.
Глупав и тажен крај....туку од денес што ќе гледаме, нема во најава нова серија."Ќерката на амбасадорот" воопшто не ја гледам а "браќата" ретко.
Браќата премиерно ќе оди на местото од Една е мајка и тоа е се. Така барем им пишува денес во програмата.