Не. Спојлер Музафер некако ќе дознае за Емре дека тој го украл автомобилот и ќе го фати за гуша и тоа ќе се случува пред Нефисе и таа мислам дека тогаш ќе извика и ќе каже дека тој и е син ама не знам за сигурно дали ќе биде така пошто тоа го гледав на турски.
Овој Ахмет е голем психопат. И Зејнеп воопшто не ја оправдувам ама ама човеков буквално и се залепи, опседнат е со неа ццццц.
ми е и мене од некаде познато ама не ми текнува која серија беше. А исто и таа што и е золва (заборавив како се викаше) глумеше во yeter беше таму жената кај што живееше дуру. Ама таму помлада к со долга и плава коса беше
Дуру е, сега проверив Таму беше помало, послатко, овде е пораснато. А золвата не ја најдов во таа серија. Интересна серија беше таа, со Јекта психопатот. Уникатна замисла имаше.
Последната епизода само ќе дадат како и одат на погребот, не знам од што и како ќе умре. Цела епизода трае два саата и нешто, ништо не се даде за нејзе. Може кога ја посетуваа збореа за неа, ама дека на турски не знам.
Аман нека му каже за децата вака се им е со лаги и на едните и на другите. Греота Ајсун И Нефисе можеше да најде подобра лага него да ја поправи шминката
Во ниедна друга серија не сум видела слугинката да го лаже и игра газдата.Азиме како препаметна за да биде слугинка.
Не дека ја гледам серијава, ама ај дур го чекам јаболчено да се прави нешто. Луѓе, Азиме мене пресмешна ми е, па и гласов што ја синхронизира како ми е погоден со улогана што ја игра. Многу паметна и итра слугинка, тешко на газдите.
Нефисе и нејзините деца треба да бидат среќни што имаат човек како Азиме во фамилија не тие од се нешто незадоволни и се жалат. Таа и Туба ми се најинтересни, но дали затоа што од епизода гледам по половина час, нејасно ми е како си дозволува да и се обраќа онака со “ма“ и секако да ја навредува , не се на исто рамниште. Кога го испратив претходното мислење умоболна и рече. Смешно ми е, ама ме чуди. И на внука и Џемре и рече малоумна.... таа навистина е глупава. Емре и Џемре се многу напорни и воопшто не им работат мозоците.