Серијава ја загледувам чат пат по некоја сцена. Не ми е јасно како оваа љубовницава на Музафер е трудна од него, а нема стомак, а човеков е веќе неколку месеци женет со Нефисе? Ја изневерил ли Нефисе или..?
Туба беше трудна од Музафер ама го изгуби бебето. Сега сеуште крие од сите дека го изгубила. Музафер не ја изневерил Нефисе,тој уште пред да ја запознае неа тогаш направил дете со Туба ваљда.
Го мота затоа што бебето и е единствена причина за да седи во таа куќа. Ама и Музафер откако дозна за децата на Нефисе, почна малку повеќе да и обрнува внимание на Туба. Серијава ја гледам само заради Зејнеп и Онур, другото се ми е .
Да, и јас навивам за нив ако гледам по 10 минути неделно од серијава. Инаку, мислам дека Музафер сака да ја направи малку љубоморна Нефисе со Туба. Кога ќе дознае дека не е бремена?
Не ми се верува дека сака да ја направи љубоморна. Човеков е умноболен, и се одмаздува со тоа што го киднапира Емре а сигурно и нешто друго ќе има, не верувам така лесно да се разведе од Нефисе. Инаку не знам кога ќе се дознае за Туба дека не е бремена.