Сепак, не и е бившиот маж туку некој кој одамна ја сакал Нефисе. После и тој ќе испадне психопат ке ја киднапира, ќе ја мачи свашта Ахмед 2
Чичко му направи да изгледа дека Ахмет починал дури најде и друго тело и го закопаа, а бидејки е богат му фалсификува нов идентитет како Картел Кара и го намести како нов партнер во фирмата кај Онур
Се плашат да не ги пикне во затвор. Тие не можат да докажат дека не се вмешани во киднапирањето. Нели Азиме тогаш работела кај Музафер, и брат и почнал да се вртка околу неа со изговор да му позајми пари, а таа му била скарана и прекинувала контакт за да не и бара пари.... но нему целта му била да се вовлекува во куќата....како Емре кога го украде Мерт.
Музафер ме изненади позитивно. Го смени однесивањето со децата на Нефисе, бидејки свати дека многу ќе изгуби поради тврдоглавост. Сега па и овој Кемал изгледа психопат ќе излезе.
Mене серијава ми стана многу интересна, ликовиве сите внесени во своето, урнебес е. Азиме и Ахмет поготово ми се забавни, а и со новиве (Кемал и Асја) нема промашај. Туба и Зерин исто, ама како вишок да станаа, ништо не им оди....(јас дека сум повеќе по негативците, затоа овие ги коментирам) И нема нејаснотии и набрзина срочени работи ко во јаболконо во последно време. Колку и да е нерална сапуница, се потрудиле барем настаните да имааат логично објаснување. Се надевам ќе остане така.
"Немој ма дадо " " дадо ма " "оф дадо "се најчестите зборови на Нефисе. Значи по смотана и наивна улога не сум видела во друг филм. Малку иритира што и смислиле таква улога. Ќерките "опулени " на татко им ќе да се .
Овие сестриве забегаа. Заборавија каков живот имаа па сега дури пребираат.Зејнеп ја разбирам , ама претера со паранојата. Се однесува многу разгалено, само ветува и пак истото. А Џемре што да кажам, безобразна една како го понижи Суад , бил сиромашен. Значи си кажа дека е спонзорушка. Ахмед психопат мал "комплимент " е за него.
Колку понижувачки беше тоа кога Џемре му кажа се и свашта на Суат, дека немал професија и бил сиромашен. Гуска. Ја па она има многу голема професија, да може за пари ќе се продаде.
Ликот на мајкава дури малоумен на моменти. Ја вреѓаат, ја бркаат, ја набедуваат, ја понижуваат...таа се едно исто блада " нема такво нешто". Џемре само луксуз бара, а нема.пари сол у очи да си фрли.
Кога ја напушти тој што ја сакаше ,заборавив како се викаше, си отиде кај баба и некаде разочарана, оф леле многу епизоди ја нема па не знам како се викаше местото.Едноставно ја снема
Бидејки онаа лудана ќе ја убие Нефисе па така си помислив . Од најавата за вечерва погрешно сум заклучила