Двапрста за дводелен Како мала секогаш носев едноделни костими. На фигурата супер ми стоеле, како некое ќофте дебело сум била на плажа Сега не би облекла. На плажа покрај пливање друга преокупација ми е сончање, па гледам купачиот да ми е што може попрактичен. Што повеќе открива толку поубаво (секако во граници на културното). Несакам кога после сончање имам дебела бела линија на грбот или цели гаќички исцртани на газето. Значи бикини, со врвки на долниот и без прерамки на горниот дел
Морам да признаам дека стварно има многу убави модели на едноделни костими за капење. Ама сепак јас ќе им останам верна на дводелните. Поубави ми се и со нив можеш да се исончаш рамномерно, без шари по телото.
Дводелен. Никогаш не сум носела едноделен костим и не ни можам да се замислам во таков. Не ја сфаќам поентата на таквите костими.
Дводелен. Немам што да кријам со едноделен, а и поубаво ќе се исончам со дводелен. Зошто велите едноделен е за терање мода? Има многу убави и модерни дводелни костими . Имам сличен на овие модели, само што е розев и долниот дел е на врзување, а на горниот има врвка за околу врат (ама се вади, за сончање ја вадам).
Јас си носам и дводелен и едноделен костим за капење.И во двата се чувствувам многу убаво,но ако морам да бирам дефинитивно дводелните,повеќе делови од телото ќе ми се исумчаат.Да,едноделните ме прават послаба,но сепак јас бирам дводелни
И таков и таков имам носено, каков и да било важно купаќи се инаку за на плажа оваа година ке си носам дводелен, и баба ми исто кога ја видов сега фацата ми падна, баш сакам да ја видам