Дводелен..затоа што сакам да се исунчам убаво..и секаде да фатам боичка...аа некаде бело некаде исончано...
дводелно подобро изгледа кај помладите, додека кај средновечните мислам подобро изгледа едноделен, ама пак зависи и од изгледот на телото
До пред некое време бев за дводелен костим(бикини) но во последно време ми се допаѓаат и едноделните, некако ми се класика и фигурата изгледа многу поженствено.Сигурно нема цел одмор со едноделен да го поминам но добро е да го имам за промена.
Дводелен додека не родам И сега имам мало меше, и очекувам стрии и малце поише салце во тој дел после бременост (како што има и мајка ми, а физички цела сум на неа). И сега немам ништо против едноделни купачи, имам едни и сега, ама ич не се практични за сончање. Затоа имам 9 дводелни пара купачи
Јас ретко носам дводелен, само кога не е јако сонцето, наутро и доцна попладне. Кога е најјако сонцето носам едноделен. Поентата е во тоа што имам две три бемки на стомакот, па не сакам да си направам белја и се штитам. Значи, освен да сокрие стомак, стрии кај некои што ги имаат, бемки... Има поента.