Почнав и јас да го практикувам ова, за на море убаво да се исочам носам дводелен костим за капење, а за на базен поелегантен ми е едноделен, а има сега и многу убави модели
Секогаш дводелен. Убаво изгледаат и некои едноделни модели ама не ги трпам на мене. Плус некако глупаво ми е само нозете и рацете да ми се исончани, а телото бело
Гласав за дводелен бидејќи такви имам но не преферирам. Годинава помислив да си купам едноделен,но не можев да најдам соодветен број бидејќи броевите од дводелните и едноделните бикини се разликуваат. Пример: 40ка носам дводелен, додека 40 едноделен ми е мал, а секој број поголем ми е голем во градите. Така да, си купив дводелни пак.
Прв пат купувам едноделен и тоа спортски, оваков: Најпрво земав 38 (или М), па го заменив со 40 зошто осеќав затегање во рамењата на прерамките. Сега и со L-от ист проблем. А облека носам претежно S, понекогаш нешто M. Па се мислам дали е тоа нормално чувство со едноделните костими? Можам да се движам, но осеќам затегање, како торзото кој знае колку да ми е издолжено, а нема врска. Вие што редовно носите едноделни што велите, го имате истото чувство?
Немаше број за мене и јас сакав ваков ама пошто дојам морам да мислам на се... Од сара фешан го купив овој вчера а здравје петок ќе го сефтосам па ќе видам.. Инаку поубав ми е дводелен ама скоро родив 3то дете уште се средувам