Дводелен сакам повеќе а такви и носам,иако морам да признаам дека сега има прекрасни еднонедлни костими за капење кои не изгледаат бабски туку баш се секси Јас пошто запнав дека конечно ќе купам црни еднобојни а не шарени,си купив на крај И секогаш го носам овој модел на горен дел,мразам тријаголници а и бели линии на кожата (неисончани) одпосле.
УАУУУ ептен се добри,ја носев сличен модел многу одамна,ептен добро„ легаат“ . Незнам кај би можела да си најдам вакви, ист модел ама и да се поквалитетни,бидејќи солта ги „разјадува “оние што се понеквалитетни. Како и да е супер се ,мој лоок
Зависи, кога -како. Првите денови носам едноделен... Бидејќи имам стомаче (лажам! стомак бре, без деминутив) После се опуштам и носам дводелни, углавном вакви:
Дводелен дефинитивно! Ем и од здравствени причини е подобро и поубаво изгледа,стои. Сакам шарени во светли бои,контраст на тенот мн. добар визуелен ефект дава
Дечки поставена е анкета на темата,така да доколку немате образложение зошто дводелен или едноделен..само клик на анкетата.. (целта е да се избегнат мислења од два три збора..секако за подобра прегледност ).
сите купаќи што ги имам дома ми се дводелни планирам ова лето да си купам едноделено.. (нема да бидам ишарана воопшто затоа што и воопшто не факам боја)
Јас прочитав еднонеделен и двонеделен костим за капење. И си реков, што, има и такви костими, ги носиш 1-2 недели и ги фрлаш? Многу се изнасмеав кога прочитав поубаво. Јас сум за дводелен. Што знам... Сеедно.
Дводелен дефинитивно од причина што со едноделниот нема да се исончаш сегде еднакво. Се заљубив во двата костима на сликите. Eдноделен можеби би одбрала за на базен.
Па јас сум за дводелен, сакам да сум повеќе исончана, вклучувајќи го и моето салцесто меше Е сега... има разлика од дводелен до дводелен костим за капење. Сигурно не би се ставила во вакви ... врвки. Затоа што не ми стојат. Туку би си одбрала некои вакви моделчиња, со долен дел кој би одговарал на мојата фигура,
За среќа, иако костимот ми беше дводелен, немав проблем на базен, (додека бев на тренинг) зш многу други имаат некои несреќи, брзо пливање, ќе се открие по нешто. Speedo rocks xD За мене дефинитивно дводелен.
На грешка погоре гласав за едноделен костим а иначе обожавам- дводелен, a заради моите малечки гради летово морам да си купам некој нов и тоа со push up градник да манипулирам малце Е овој ми е убав Livorno на Lisca
Дводелен. И тоа колку помалку покриваат - толку подобро. Одам на плажа и сакам да се исончам, а не да терам мода И многу ми е мерачки кога ќе си најдам костимче што убаво ми стои, па гордо си го шеткам од лежалка до вода. Едноделните купаќи убаво ми изгледаат - кога ги гледам на манекенки. Но некако ми одговараат за повозрасни жени. Неможам да замислам млада, згодна девојка во едноделен фустан...
Оф леле, и ја згрешив, место дводелен, едноделен кликнав, и после оп ми текна, епа сега ајт бидна Преферирам дводелен, од повеќе причини што мислам дека се набројани. Ради сончањето не можеш да се исончаш нормално во едноделен, со дводелниот го истакнуваш телото плус добрата фигура плус коцкичките ако ги имаш (не е задолжително) и се гордееш бе со атлетското тело кое е резултат на чисто твоја сопствена волја , и исцрпнувачки вежби , масажи и триста чуда што си ги правел за да дојдеш до него и да го скриеш во целосен костим ?