Кога одам на базен едноделен пошто рипни, скокни и после ке ги барам купаќите низ базен , а кога одам на плажа дводелен за да не бидам шарена.
Јас мислам дека дводелните се поубави доколку сакаш да бидеш добро исончан...јас секогаш користам дводелен костум за капење и тоа со што е помалку детали на него а исто и кончината околу вратот да се слаби ептен,а едноделните се како за на модни реви и сл.мислам тое се подобри за на изглед.....
Јас носам дводелен, ама сакам да имам едноделен во стилот на пин ап грл. Можеби ќе се купам ама сигурно многу ретко ќе го носам пошо сакам да се сончам, а едноделниот не е баш практичен за тоа.
Дводелен дефинитивно, ем поубаво се сончаш, ем не ти стои мокро на телото (колку и брзо да се сушат купаќите)
Иако има доста интересни едноделни модели, сепак јас повеќе би се одлучила за дводелен затоа што, како што веќе нагласија неколку форумџики, е дааааалеку попрактичен за сончање. Имам неколку костими за капење и сите се дводелни: со триаголници, потоа обичен топ без прерамки, топ со прерамка околу вратот, со корпи, топ кај кој прерамката тргнува од средина на градите...
Поубаво е дводелен. Е сега малку е проблем оа што имам стомаче , ама за наизглед едноделен воопшто не ми се допаѓа. Еве какви костуми си сакам
Дводелен дефинитивно, да се исончаш, да се знае дека си бил на одмор Но сакам да имам и еден до два пара убав едноделен костим, онака само да си го прошетам по плажа
А ДЕВОЈКИ САКАМ ДА ПРАШАМ ДАЛИ ИМАТЕ НАЈДЕНО ГОРЕН ПОЛНЕТ КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ??????БИДЕЈКИ ИМАМ МАЛИ ГРАДИ САКАМ ТАКОВ ЗА ОВАА ГОДИНА ... ФАЛА ОДНАПРЕД
Дводелен! Не сакам едноделен во никој случај,поради тоа што сакам убаво да се исончам. Убави ми се и едноделните костими (зборувам за оние кои што се како сечени),но таков би носела кога би имала екстра темен тен Бидејќи немам ќе си носам дводелен и ќе се сунчам
Па за сончање дводелен дефинитивно, а за вака ако одам повеќе на кафе одколку да се сончам и бањашм тогаш може и едноделен од тие сечените
Дефинитивно дводелен...зашто: 1. Одам на одмор да се исончам меѓу другото и не сакам да изгледам ко да сум го поминала одморот по маичка на прерамки у маало, 2. Мене лично, поубава ми ја прави фигурата иако ќе речеш парадокс, повеќе открива, баш едноделниот ме праи ко смкната баба а пак ко ќе излезам од вода ме тера да се грбавам
Имам два едноделни ,поради еден од нив се избрукав на базен и не мислам повеќе да го ставам на себе ,освен за ноќно капење (и нешто повеќе ) Дводелните се попријатни ,попрактични ,и за пливање и за сончање . Мојот омилен костим за капење е црн ,долниот дел е сосем низок и стои совршено ,а горниот има тенка врвка на грбот и се врзува однапред со вкрстени врвки (им накитив мониста и изгледаат баш забегано и лејдилајк )
Преферирам дводелен костим за капење, јас лично се осеќам по удобно во дводелен, а и попрактичен е. Минатата година си купив едноделен и не беше лошо, не бев ишарана но не се осеќав добро во него, кај нас сеуште и нема многу со едноделни, па така само јас и уште неколку личности бевме со едноделен. Оваа година го пресеков и го направив дводелен, мајка ми ми помогна да ги сошие рабовите и супер испадна!
Сакам и дводелен и едноделен , оваа година си купив и таков и таков и двата се преубави но сепак ќе преовладува дводелниот бидејќи имам неколку од минатите години