Имам и таков и таков. За на плажа често носам дводелен (уствари едноделен одкако ќе го извадам горниот дел хахахха) ама има ситуации кога едноделен костим за капење е практичен. Има места каде со костим несмее да се шета низ градот и неможеш да одиш во ресторан. Со едноделен стави си сукњиче и немораш да се пресоблакаш никој не ти прави проблем, ручкај и пак на плажа
Јас повеќе сум за дводелен. Ем повеќе ќе се изнасунчам, ем поубаво ми стои. Едноделен костим е за девојки со рамен стомак, без спојлери без малце салце. И тоа е повеќе за терање мода на плажа, инаку ми се непрактични во однос на поцрнување.
имам само дводелни костуми но и едноделните изгледаат убаво..еве некои модели кои ги најдов на интернет и ми се допаднаа
Абе има прекрасни модели на едноделен костим, но дводелен си е дводелен Мене сите ми се дводелни! И за сончање е по убаво и за се! Некогаш па со едноделен си се чувствувам како да се бањам со маица
Се сложувам со лолита97. Има навистина убави модели на едноделни костими, но сепак дводелен си е дводелен
Да, навистина има убави модели од едноделните, ама освен што не можеш убаво да се исончаш, па и многу тешко се сушат, а нема нешто што мразам повеќе од тоа. Многу неубаво се чувствувам во нив. Годинава забележав дека има навистина многу убави модели и од дводелните костими. Како и да е, ги избирам дводелните.
Дводелните се дефинитивно посекси и ги гледам како соодветни за оние со добро тонирано тело или цврсто тело без салце или други несакани работи(стрии). Едноделните ми се убави да го облечам кога веќе ќе имам добиено убава чоколадна боја, тогаш седат многу убаво и башка не се замараш дали стомакот ќе ти остане бел, зошто веќе е црн. А дефинитивно тие ми се за оние кои од некои причини сакаат да ги скријат недостатоците на стомакот, пр. жените после пораќај кои имаат собран стомак или многу стрии, а сакаат да бидат модерни...
Едноделните се прекрасни, особено оние со исечениците и разните украси и многу убаво стојат Но јас никогаш не сум имала едноделен, највеќе поради сончањето.. Цело тело бело, само рацете и нозете исончани. И плус со исеченици..
Да не знае некој костимов на типкава која марка е, однсно у која продавнциа го има и дали го има и оваа сезона или не? Претпоставувам дека е тука негде кај нас купен зашто видов неколку девојки со истиот