Дводелен :up: . Едноделен носев еднаш како помала, и тоа не беше мој, туку даден од братучеда ми и го облеков неколку пати дури да ми помине меракот. Инаку, повеќе сум за дводелен и секогаш носам таков затоа што поудобно се чувствувам, се си е на свое место , подобро се фаќа боја во таков, а ми се допаѓа како ми стои.
Секогаш носам дводелен.Мама уште од мала не ми даваше да носам едноделен-за да ми се исунчало мешето и за да не ми се разболеле јајниците И ете си ја слушам и ден денес см во дводелен.Имав некое кг вишок ама и тогаш не носев едноделен.Е ова лето бев шланг па и баш ми стоеше дводелниот како никогаш до сега
Едноделен само заради тоа што сакам и мешето да ми биде исончано иначе дводелен костим многу се допаѓа кога го гледам на некоја друга облечено но мене
Дводелен! Имам само еден едноделен, никогаш необлечен, ама со голем мерак го купив. Не сум го облекла, зашто секогаш гледам да ме фати што повеќе боја, а дводелниот многу ќе ме затвори! И јас дводелниот - горниот дел, редовно си го одврзувам, не сакам бели линии!
Едноделен, од оние интересни, модерни модели, би носела евентуално последните денови од одморот, кога сум убаво исончана. Затоа што инаку ќе бидам целата шарена. Дводелните се попрактични, а јас секогаш гледам да се исончам максимално колку што можам. Не сакам да ми се познаваат прерамки, па секогаш кога се сончам ги откопчувам.