Инспирација добив од матурантките што сите обично бираат фустан , најчесто долг... Јас кога повторно би била матурантка би избрала едноделни панталони како за почеток
Едноделни панталони - Слики Ова ни на плажа не би го носела, а не па на матура. И јас сум против шљокици, светки и сл. ама па, овие панталони се премногу едноставни. Нема ни доза елеганција во нив. Ама нели, секој со својот вкус.
Едноделни панталони - Слики Таа во плавите ама курвински изгледа у пм, па и се пикнале во газот а и сандалите не се нешто подобри, мислам повисоки дека треба да обуе , ептен курвинска штикла. Се извинувам за вулгарностите, ама самата комбинација е таква. А и тема за едноделни панталони, не е ту мач?
Едноделни панталони - Слики На многу девојки имам приметено дека вака им стојат. Пикнати и в пич (некако чудно оцртани) ем в газ, абе да ти се .
Едноделни панталони - Слики Па мислам дека и од таа причина ги носат, да им се оцрта гзната и вагиналната линија И со тие кратки тесни панталончиња, со пола газ на мегдан, колку невкусно изгледаат. Не знам, мислам дека ќе почнат и голи да одат веќе, тоа минимално парталче не игра никаква улога. Се повеќе и повеќе се запрепастувам од помладиве генерации, никаква пристојност да се немало.
Едноделни панталони - Слики :up: Мене ми се свиѓаат, имам едни црни долги и горе скроз затворени (скоро ролка) и си ги сакам многу, ама некако не ги носам многу често А за матура некако - сепак не би, може ако има некои свечанки соодветни доаѓаат предвид Тоа што им се оцртава се е зашо тоа им е поентата, ќе си земеш соодветно бројче и ништо никаде нема да се набута или па да искача
Едноделни панталони - Слики Доста непрактично парче во поглед на одење во wc, а од друга страна практични затоа што си инстантно среден. Јас чекам шнајдерката да ми го среди фустанчето за дипломска па ќе шијам вакви
Едноделни панталони - Слики Конкретно мене, ми се допаѓаат едноделните панталони. Како овие на сликиве, елегантни, а фенси. И сум за носење на матура, фино изгледаат, со оглед на монотоната слика која преовладува таа вечер-гламурозни фустани со секакви светки, чипки итн.
Едноделни панталони - Слики Чекајте бе, ова нели се викаа комбинезони? Какви едноделни пантолони сега, парадоксален е самиот збор, постојат такви воопшто? Фини се на изглед. За таа на првата слика, не е курвинско парчето, туку до типката е. Позата, деколтето и грдите штикли прават така да изгледа. На Лопез за споредба супер и стои. Мене ми се допаѓаа уште кога не беа толкав тренд. Баш беа специфични, не за секоја прилика. Е друго е што сезонава секоја втора урбана сељанка вака ќе парадира низ улиците, ништо чудно во несоодветно избран број, па и ова парче ќе ми стане одбивно како и секој досега силуван тренд (инаку, кога сум веќе на муабет, ми се чини да не е Интернетот, пола Македонија ќе нема поим како да се облече, оперирани се од вкус). П.С. Ова не ви е за пригоди како матура.
Мене овие многу ми се допаѓаат,за матура не знам дали одат можеби се преедноставни за таков настан освен ако не се посвечени.Инаку за во лето се супер. Имам 2-3 пара кратки,2 пара шарени и едни кремави. Спојлер
Абе добро од парче до парче има разлика пример мене овие не ми се допаѓаат како што рече Абеја ептен курвински изгледа. А од друга страна овие ми се ептен едноставни, убави поготово за летно време за во град едни сандали и спремна си..
Женска никој не рече ова за матура да го носиш него ИНСПИРИРАНА СУМ од секој поглед кон матурантка у долг фустан , убаво си пишува кога би била јас би носела едноделни панталони , моделот не е курвински ни малце него така е застаната србинката , заборавив како се вика .. Второ ги ставив сликите со оглед на тоа дека немав други извадено у PC-то , кој има поубави нека стави , затоа е и темата , бујрум ! Ми се гади веќе од "нападите" кога ке се отвори нова тема и од правење најпаметна на форумот не видов темата и затоа ја отворив Поздрав девојки
Мене овде Никол ми е absolutely stunning! Толку едноставно, а елегантно. Јас да сум сега матурантка (или барем апсолвентка ) би одбрала некоја ваква комбинација. Имам видено многу матурантки во вакви пантолони, а имав и колешки што на апсолвентската се појавија во нешто слично. И баш убаво стојат. Ако соодветно се искомбинираат можат да изгледаат поелегантно од било каков фустан. Ама овие краткиве, напиканиве - не.
Женска, никој не те нападна тебе. Убаво си пишува дека не се по мој вкус и дека не би ги носела на матура. Ако не се согласуваме, не мора ти да "напаѓаш".
Не знам веќе колку време се канам да шијам вакво нешто, само не сум имала некој посебен повод, зашто ова барем јас лично не би го носела за низ центар. Ми зрачи со елеганција, дамски стил и мала дискретна доза на сексапил. Сликата што ја постирала AnaKarenina погоре е моделот што го сакам, можеби со некоја измена. Баш истава слика ја чувам во компјутер веќе не знам колку време ама ете не и' дошол редот. Како и да е, доколку е со вкус, може да изгледа преубаво на секоја девојка. Сликата од погоре со девојката во зелени, кратки едноделни панталончиња каде што се' е на мегдан не е една од тие комбинации со вкус. Тоа не доаѓа во предвид. И, воопшто не се согласувам дека е монотона и обична комбинација. Ако знаете да го одберете вистинскиот модел и боја што вам вистински ви одговара за вашето тело и конструкција и сето тоа дополнето со правилен избор на чевли, ташна и накит може да изгледа одлично.