Не видов дали има ваква тема. Ама ако се повторува избришете ја. Гледам туристичкиве агенции бомбандираат со вакви понуди за еден ден на плажа во Грција. Сакав да прашам дали се исплати? Гледам секоја сабота се тргнува во 5 сабајле и до 18h по Грчко време се седи, тоа е по наше 17h. A цените се различни во Скопје до 1 200 ден, за поаѓање од Струмица видов од 700 ден па нагоре е, зависи за кое место сакаш да одиш. Дали некој има вака одено на 1 ден во Грција, или нa мoжеби некoе другo местo, пишете импресии, и како сте биле задоволни. Секој коментар е добредојден.
Јас имам одено за Паралија и Олимпик бич, од Штип. Има околу 5 часа возење, зависи од тоа колку се чека на граница, ама не сме чекале повеќе од 15 минути. Според мене се исплати. За тие пари можеш да отидеш на еден ден и до нашиве туристички места, ама море си е море. Е сега, за некој патот е заморен, ама и тоа се решава. Ќе си земеш добра книга и решен проблем Инаку, многу наши одат така на еден ден. Последниот пат кога бевме, видовме 5-6 автобуси
За мене е топ работа иако некои ке кажат тоа е само малтретирање,за мене тоа е мала авантура,еден ама вреден,треба да знаеш да го искористиш денот до максимум.
Саботно уживање на море! Ве носиме на преубавите песочни плажи во Sani beach или Nea Potidea! Еднодневна екскурзија во сабота 6-ти јули за само 990 ден. преку туристичката агенција „CAMELLIA TRAVEL“ Ајде да одимеее која е за?
Слушнав оти цените на овие екскурзии биле 650-700 денари но ниту една агенција од скопскиве не носи за тие пари или 1000 или над 1000 има некој информација ?
Скопските агенции нудат од 800 ден па до 1200 ден еднодневни екскурзии во Грција. Струмичките агенции нудат по 650-700 бидејќи патот е пократок и нормално поефтино ќе биде.Затоа нашите(скопските)агенции се малку поскапи.
Одлично е! Јас бев преку една агенција од Скопје и плаќавме 850 денари и искрено презадоволна сум. Супер беше. Мене патот не ми беше воопшто заморен, немам проблем со такви работи можам да патувам и 24 часа ако имам добро друштво. Како и да е јас лично пак би одела, што ќе одам на еден ден до Охрид истите пари се, барем знаеш на море си.
Imam otideno Paralia,Olimpik beach preku agenciite i licno jas sum prezadovolna.Od razlicni gradovi se patuva po razlicna cena,vo zavisnost od oddalecenosta.Na granica ne se ceka poveke od 15-20 minuti.Vredi da se proseta.
Ете мене ми е малтретирање, значи тргнуваш ептен рано наутро возење натаму, остануваш денот и поручек пак возење накај дома. Да имам некои пријатели таму со вила, би одела ама онака да немам никој моментално на тоа место не. Пример сакам после плажа да прошетам додека да си идам, да нема каде асално да се средам, ќе шетам со косата бушава од вода каква ми останала. Да нема каде да се истушираш, и пола саат да одмориш. Ќе идеш по ресторанти да, ама не е тоа тоа. Единствено со кола би идела, барем знам јас кога сакам ќе си идам, а не во колку саат ќе ми речат. Мене ми е многу поблиско одошто на тие од Ск, јас буквално на граница живеам. Најдобро барем викенд да си поседиш, петок, сабота, недела пак назад. Тоа е веќе одмор, ова другово за еден ден само умор.
Бев лани во Грција на еднодневна екскурзија во Олимпик Бич и убаво си поминав. Се нервирав само што не бев ич спиена па цел ден бев поспана. За среќа тогаш кога бев моите беа на одмор таму 10 дена па искористив да се истуширам кај нив кај што беа сместени пред да си одам дома со автобусот. Оваа година планирав повторно да одам, али ми испаднаа други планови
И јас сакам да отидам. Можете ли да ми кажете кои Скопски туристички агенции го нудат ова ова и по која цена?? И тие што би биле, нека ми раскажат малце како иде турата
Јас имам неколку прашања, конкретно за Sani Beach •Дали на плажите има кабини за пресоблекување? •Колку се плаќаат лежалките со чадор (и дали се за цел ден или по саати)? •Дали има продавничка/маркет, ако нешто затреба?
Има кабини, лежалките се 3 евра (добиваш и пијалок - кафе, пиво, сок и сл. и со две лежалки има и чадор, обично така се наместени), и има повеќе продавнички. Поголем маркет не знам дали има
Лани бев два пати на вакви еднодневни екскурзии. На Сани бич преку Камелија травел, преубаво искуство, персоналот им е премногу внимателен. По пат бевме послужени со кроасани, нескафе и на враќање за секој имаше шишенце ладна вода. Мали гестови, но со многу големо значење! Секоја чест за работата на агенцијата. За плажата можам да кажам дека е ПРЕУБАВА! Бел песок, чиста вода, нема многу гужва и најдобро од се е што нема премногу балканци. Мирно е и пријатно! И во Паралија преку Бисер пром, исто пријатно искуство. Иако плажата не ме воодушеви баш најмногу. Има премногу гужва, не толку чиста вода. Но за разлика од Сани бич има повеќе продавници и е пријатно за шетање и разгледување. Само не ми дава мир тоа што за Сани бич и Неа потидеа е само во сабота , а за Олимпик бич и Паралија е во недела... Зошто?
Сакам да ве прашам дали на плажите има тушеви, да се помини човек една вода, да се исплакни колку да не патува со солта на него? И дали застануваат во Лидл на 15тина минути на враќање? За патот знам дека нема да ми е проблем, побрзо до Паралија или Олимпик Бич се стигнува отколку до Скопје.