Бевме во Sani beach преку Бисер пром и местотот е преубаво, морето плажата милина, се плаќало ни рекоа две лежалки и чадор 5 евра, ние нарачавме нес кафе- 4 евра е и не ни наплатија лежалки. Инаку нема споредба со Паралија, многу е поубаво.
Дали знаете некои агенции што организираат еднодневни екскурзии до Грција или евентуално Бугарија, но не во викенд ?
http://sahara-resort.com/menu/ Еве ти мени. Плажата е долга и чиста. Убави и удобни лежалки. Со порачување на било што имате лежалка. Најчесто кафе нели. Недела е премногу гужва, па подобро да стигнете порано.
Во Битола се организираат еднодневни екскурзии за во Грција Калитеа Сан Бич Переа Паралија...За во Калитеа и Сани Бич се плаќа 700 денари а за Переа и Паралија 600 денари...Ова за во сезона аа за крај на сезона можеби поефтино е...
Во Сани Бич само Анемос сум била и има салати и сендвичи, а ако сакате ручек тогаш тука кај пристаништето има неколку ресторани но тие се полуксузни. Дали има некоја од агенцииве која носи до Сахара ресортот на еден ден или не??
Често гледам низ интернетов поволни понуди од разни агенции за еднодневни капења и прошетки. Сте биле некогаш и какво искуство имате? Еве јас последно што видов: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10154741441274013&substory_index=0&id=94668539012 Цитирам, агенција In travel: "СЕКОЈА НЕДЕЛА ЕДНОДНЕВНО КАПЕЊЕ НА ХАЛКИДИКИ(Неа Потидеа, Калитеа, Афитос)! Следен термин 09.07.2017 по цена од 990мкд!" Тука ставајте ги сите понуди што ќе ги дознаете, па може ќе се трефнеме заедно во ист автобус феминки
Дали Камелија Травел има уште понуди за еднодневни капења? И ако да, дали можеш да ми ја пратиш понудата? Кои агенции праќаат за Олимпик Бич?
Имам одено на Паљури на ден,стигнавме рано кај 9 ,убаво се и за назад додека стигнеме полудевме ,долг пат е за еден ден со БУС според мене
Убава е плажата, средена. Водата е чиста.Кафиња од 4е па нагоре. Има и нешто за апнување. Ако одите недела најдобро е да стогнете порано пти е баш гужва и грци и наши. Бучна плажа е со журки и музика.