Здраво феминки... Најпрво да Ве поздравам сите кои што го посетувате овој сајт, па бидејќи сум нов член еве веднаш да поставам и една нова тема на форумот. Ме интересира дали сте расположени за еднодневно патување до некое од нашите поблиски летни туристички дестинации, а доколку сте, каде е тоа и како може да се изведе. Дали е можно некои туристички агенции да имаат понуди за вакво нешто и ако некој знае нека се обрати. Имајте сите убаво и пријатно летно доживување...
ЕДНОДНЕВЕН ОДМОР ? А од каде од Скопје и до каде? А ова 1000 денари е повратна карта? Дали некој веќе бил некаде и како си поминал?
ЕДНОДНЕВЕН ОДМОР ? Јас сум била на ваков еднодневен одмор, до Паралиа, Ханиоти, Неа Модења... Дефинитивно доколку сте блиску, не треба многу да патувате се исплаќа, интересно е. Цел ден си на море, на плажа, а потоа си доаѓаш дома. Мене ми е многу блиску, па се осеќам како во Мкд да си имаме море Уште по интересно е кога сите низ град се шетаат со тоа ругозините за плажа, ќејфови Кај и да е ќе им го земеме морето
A oд Битола има вака? И од која агенција се организирани ваквите еднодневни патувања до Паралија,Олимпик бич? За брзо ми треба
Јас вчера бев во Паралија ,преубаво беше . Мацуш,на интернет провери бре,барем сега има се и сешто.На друг начин неможам да ти помогнам,не би знаела како .
Јас не сум за еднодневни летни екскурзии да ги наречам затоа што кога одам некаде сакам да се одморам, а не да се изморам, а вака од патот ќе немам време да здивнам. Јас лично сум си баш за одмор во права смисла на зборот од неколку дена.
^ Во ред си е се тоа,и јас сум за така,ама ете после одмор зошто да не отидеш за некој 700 ден на море ,а блиску е....
Гледав негде дека има и од Скопје, ама не ми текнува каде накај 1000че мислам дека беше. Иначе, понудиве се добри ако немате одмор, па ете да се издувате, а за зелена карта да речеме не ви се исплати, зашто нема друг пат да појдете. Јас не би, мразам да патувам со автобуси на долга релација, па поготово во еден ден двата правци ќе неможам после цела недела да се стабилизирам
Еднодневно патување до Ниш, Солун, Дојран, Штип. Ама си одам со сопствен превоз. А автобус не. Ме ограничува со време.
Од Скопје мислам дека нема еднодневни, имаше од Прилеп, Битола а слушнав нешро и за Охрид мислам.. Ако е од Ск ќе искоментирам само дека патот не се исплати за еден ден. Од пп, бт, ох е различно секако Според мене Метеорите се нешто што секој човек што има можности, треба да ги посети. За некои се само манастири на карпи, за некои многу повеќе. Прекрасно е. Се плаќа и влезница, да не се изненадите ако ви спомнат тек кога ќе стигнете.. Не знам каква е програмата, дали се застанува на ручек во Кала(м)бака или не, обично стојат.. ако не, мачно е цел ден да утепаш само до таму и назад.
Колку се патува до Метеори? Мајка ми ми вели со организиран превоз на еднодневна да сме оделе овој или другиот месец. Јас немам проблем со патот, ама мајка ми има па за да ја разубедам ми треба некој да ми кажи од прилика колку се патува?
Па со автобус... Искрено само со кола сум била, па отприлика пишав 6 саати, ама горе долу толку е, а зависи и од тоа на граница колку ќе се задржат