Еднодневно патување

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од e.pcelicka, 29 јуни 2012.

  1. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.180
    Допаѓања:
    186.194
    Пол:
    Женски
    ^Епа јас од Бт сум, ако е 6 од Ск тогаш со лесно ќе поминам јас :)
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    12.014
    Допаѓања:
    174.728
    Пол:
    Женски
    Лесно ти е тебе :D
    Убаво да си поминеш:rock:
     
    На Alex.T и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.180
    Допаѓања:
    186.194
    Пол:
    Женски
    Фала ти @Dust
    Само веројатно ќе биди другиот месец со одењето. Требаше да одам сега ама кога имаше договорено мајка ми, мене тој ден требаше да ми дојди и откажа ради мене. :(
    Така да сега некој следен пат, веројатно следниот месец. :inlove:
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Јас со кола до Лефкада стигнав за точно 6 часа од Скопје. Па ова твоето ми се виде многу време, па затоа те прашав со што превозоно средство сте биле. Со автобус ако е, логично е. Но со кола за многу побрзо се стигнува од Скопје.
     
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.720
    Пол:
    Женски
    Зависи од каде се тргнува, на пр., за во Грција од Скопје не се исплаќа толкав пат да се помине за еднодневно шетање, додека од Гевгелија, Дојран или Битола е многу блиску.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. jack&jones05

    jack&jones05 Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2025
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    Здраво размислував да одам некаде еднодневно во соседството, па ме интересира искуства од некои што патувале така.
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.512
    Допаѓања:
    9.975
    Пол:
    Женски
    Не знам од каде во МК би тргнала.
    На пример ако си од охридски регион, појди до Тушемиште и до Поградец во Албанија.
    Веднаш после граница е Тушемиште и до него одма е националниот парк Дрилон. Исто убав како св. Наум, со патеки за прошетка, со прекрасни ресторани со тераси на вода во кој можеш за ефтино да јадеш специјалитети. На плажата во Поградец може да поминеш цел ден наредена е со барови, пицерии и ресторани.
    Ако си во Скопје, еднодневна сме правеле и на Косово, претежно за шопинг. Одевме до Приштина мол, влегувавме и по попатни дуќани до таму, а на враќање на ручек во ресторан во Качаник.

    А во МК имаш доста избор за еден ден, ама пиша дека сакаш вон МК.
     
    На Alex.T и LibreGirl им се допаѓа ова.
  8. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Ако тргаш од Скопје, можеш во некој од јужниве градови во Србија. Зависи што ти е приоритет, ако ти е за шетање, пример Врање и Лесковац се мали и нема нешто посебно да се прошета и види, ама за кафана таму немаш промашај. Ниш ти е поголем и пожив град, таму имаш поголем избор и за шетање и за шопингување и исто добра храна.

    Јас сум идела на еднодневни и до Грција. Солун, на плажите еднодневни капења и во Лутраки и Воден водопадите и беше многу убаво, само што и не е баш блиску и може да биде малку понапорно, поготово сеа со гужвиве со ЕЕС. Види тебе што ти одговара најмногу.
     
    На sarki, Alex.T, jack&jones05 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. jack&jones05

    jack&jones05 Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2025
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Машки
    За еднодневните патувања во Грција, се двоумам помеѓу Пефкохори Ханиоти и Полихроно првпат идам не сум била кој од овие е најдобар за посета?
     
    На LibreGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    778
    Допаѓања:
    2.951
    Пол:
    Женски
    Зависи дали сакаш помирни и релаксирани места или пораздвижени. Морето и плажите на сите три места ти се убави и чисти, ама според мене Пефкохори е поживо и баш динамично место, со многу гужви поготово сега во шпицот. Јас сум била во јули и едвај празна лежалка се наоѓаше, буквално нема кај да се разминеш. Градската плажа е потесна, а лежалките се скапи ама генерално се со конзумација и јадење. Има долго шеталиште со многу ресторанчиња и барови, палми. Го препорачуваат за млади, ама јас кога бев имаше повеќе фамилии со мали деца отколку млади. Морето е убаво и доста плитко.

    Ханиоти мислам дека плажата е доста поширока и подолга за разлика од Пефкохори, комбинација е од ситен песок и камчиња. Исто е средено местото, има доста таверни, продавнички и шеталиште.

    Од овие три, Полихроно ти е според мене најмирно и најопуштено. Подолга плажа и генерално нема толкави гужви и раздвиженост или гласна музика како Пефкохори. Ако сакаш баш релаксиран ден да поминеш на плажа, тогаш јас би го избрала Полихроно. Ако не ти сметаат гужви, тогаш едно од другите две.
     
    На LibreGirl, sarki и jack&jones05 им се допаѓа ова.