Дали вие за вашето новороденче имате земено еднократна парична помош.. Како тече процедурата кај нас, кои документи се потребни? Од она што ми го кажа Annath значи треба копија од извод од матична книга на родени и венчаница и потврда од гинеколог за прво дете.. Мислам дека има многу идни мамички кои ова ги интересира и секое искуство е добредојдено
Процедурата не е комплицирана, ги поднесувате овие документи во општината во која што живеете (на пример град Скопје, општина Центар) и чекате да ви одобрат пари. Помошта е некои 4000-5000 ден. ама мислам дека зависи од самата општина колку ќе ви даде. Важно е да го пријавите пред да поминат три месеци од породувањето, инаку нема да ви следува парична помош. Зошто е така, не знам, ама така ми кажаа. За документите, мислам дека беа тие спомнати погоре, ама прашајте си во општината да не треба уште нешто. Тоа вашиот сопруг може да го заврши, или пак некој друг. Инаку, мене ми стигнаа парите преку пошта.
Општина Карпош даваше 10000 денари и плус од град Скопје уште 5000 денари парите ги префрлаа на жиро сметка ,ама ова пред три години ,сега незнам како е. А од документи мислам дека требаше извод од новороденчето ,копија од лични карти од родителите и пријава што се зема од општината или од социјално . И да несмее да бидат поминати повеќе од три месеци од раѓањето . За секој случај прати некого во општината во која живееш да праша
Секоја општина дава различно, најмногу знам даваше Карпош, 10 000 денари, а за Аеродром со сигурност знам дека дава 5 000 денари, Центар мислам 8 000 денари. До пред две години пари даваше исклучиво општината, не и градот, сега ако има некоја промена не знам. Порано се давале торбици со потребни работи, сега даваат пари. За 2,3 и понатака дете, се оди преку министерство, други се процедурите. За ова процедурата е едноставно, кога се запишува детето се носат податоци и во општина и мислам парите стигаа на домашна адреса, ако не се лажам, ова за Аеродром ви кажувам.
Супер штом си добила толку Миа, јас лани добив некои 5000 ден. од општина Гази Баба. Пак ќе речам, зависи од општината. Заборавив да ја спомнам пријавата, ама не се сеќавам дали требаше личните карти од мене и сопругот... знам дека копија од венчаницата требаше, потврдата од матичниот гинеколог за прво дете и секако изводот од детето. Ова важи само за прво дете, за второ не даваат. А за трето мислам дека даваат, но не сум сигурна.
за трето даваат сеуште и секоја година е различмо така да децата родени во 2012 ке земаат 12,500 денари во рок од 10 години после аш за прво сега следува парична помош кај нас околу 3000 денари е тоа и подобро е што даваат пари инаку торбицата беше хаос што ми ја дадоа едино тетра пелени имаше5 парчиа што ми сенајдоа за сега прасина да си бришам
А покрај тоа што одредени општини даваат еднократна помош за новороденче, знам дека и од Фондот даваат 5000 ден. Која е процедурата за тие средства? Општина Аеродром дава исто 5000 ден., а општина Кисела Вода не дава еднократна помош. own:
Оти не кажувате вакви работи? Јас првпат слушам за надомест за првородено Ние сме општина Центар, дајте инфо како оди со надоместов, ако следува, зошто да не си побараме,4000,5000 или 8000, колку и да се, добродојдени се
Даваат Micika, знам дека од Фондот сигурно даваат 5000 ден., а ова со општините секоја општина различно дава. Ако не знае никој за општина Центар јави се утре во општина, ќе ти дадат информација.
Треба да одите во општина не покасно од 30 дена од породувањето и да го пријавите новороденчето. Од документи погоре кажаа извод од бебето, државјанство од мајката, потврда од лекар за прворотка и лична карта од мајката. Ги праќаат за месец време парите, а сумата зависи од општината, во секоја е различно.
ова за општините знам дека даваат некоја сума, а за фондот не знаев... кај може да се види за таму шо ни треба, мислам од документи, и дали некоја мамичка зела од таму парички?
Јас сум грешка, значи не од Фондот туку од Социјално даваат еднократна парична помош за новороденче. Треба да се пополни барање за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче, во барањето пишува кои документи плус треба да се достават: http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/tri_beppn.pdf Барањето се поднесува во Центарот за социјална работа во општината кај што живеете. Спојлер Еднократна парична помош за новороденче Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејството за прво новородено дете. За прво новородено дете се смета дете кое е прво живородено дете по ред на раѓање на децата на мајката, како и кога ќе роди повеќе деца одеднаш (близнаци,тројка и повеќе) при првото раѓање.За прво новородено дете ќе се смета и првото посвоено дете. Право на користење на еднократна парична помош за новороденче има еден од родителите, државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија за дете родено на територијата на Република Македонија. Висината на еднократната парична помош за новороденче изнесува 4.829 денари. Износот се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.
за еднократна помош за прво родено дете знам многу што земале ,јас лично не земав мм немаше време за да ги извади потребните документи ,инаку се добродојдени,золвами за второ земаше мислам 9 месеци околу 5600 денари, значи ова до пред 2 години , а сега другарками зема редовно за трето дете, сакам да ве прашам знае некој дали сеуште даваат за втроро дете ???
Доколку сте жители на Општина Центар - според лична карта или барем еден од брачните партнери е, Општината дава еднократна парична помош која изнесува 5.000 денари. Во барака број 6 се пополнува барање, се носи лична карта на увид, копија од трансакциска сметка и извод на родени од бебето. Се однесува на бебиња родени 2012 година.
аха, само нешто не ми е јасно значи и општината дава пари, и плус социјалното, или тоа се едни пари??
^Да, социјалното секако дава, а општината зависи која, некои даваат некои не даваат, кај тие што даваат ќе си земете и од социјално и од општина.
аха, е супер ко така, да се распрашам за ова од социјалното, и во општина, зато шо знам битола дека даваат пари за новороденче , ама од каде се тие пари е тоа незнам
Фала ти Убавка за инфото, ние сме двајцата по лична карта од Центар,така што ќе се обратиме обавезно до општината.
Нема проблем Micika80. Доколку сеуште не сте дошле, ако дојдеш ти може и кафе да пиеме! Ама дојди/дојдете утре. Петок ќе биде хаос, а понеделник веќе никој никого нема да го познава. Од 2013 здравје којзнае какви промени ќе следуваат, па да не ја прошуштите шансата за петте илјадарчиња. Инаку, од социјално сите добиваат еднократна парична помош, да. А од општините, зависи од Одлуката на Советот или од Одлуката на градоначалникот. За Општина Центар, Карпош и Аеродром знам дека даваат. Кисела Вода не даваат. За другите Општини не сум информирана, треба да се јавите на телефон во конкретната општина, да побарате Сектор за јавни дејности и некој од вработените за здравствена, социјална заштита и заштита на децата или пак да ја/го прашање таа/тој кој/а кје Ви се јави дали конкретната општина дава пари или некоја помош во смисла на хигиенски пакет за новородено.