1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еднократна парична помош за новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од Unique.chick, 30 август 2012.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Дали вие за вашето новороденче имате земено еднократна парична помош..
    Како тече процедурата кај нас, кои документи се потребни?
    Од она што ми го кажа Annath значи треба копија од извод од матична книга на родени и венчаница и потврда од гинеколог за прво дете..

    Мислам дека има многу идни мамички кои ова ги интересира и секое искуство е добредојдено :)
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски
    Процедурата не е комплицирана, ги поднесувате овие документи во општината во која што живеете (на пример град Скопје, општина Центар) и чекате да ви одобрат пари. Помошта е некои 4000-5000 ден. ама мислам дека зависи од самата општина колку ќе ви даде. Важно е да го пријавите пред да поминат три месеци од породувањето, инаку нема да ви следува парична помош. Зошто е така, не знам, ама така ми кажаа. За документите, мислам дека беа тие спомнати погоре, ама прашајте си во општината да не треба уште нешто. Тоа вашиот сопруг може да го заврши, или пак некој друг. Инаку, мене ми стигнаа парите преку пошта.
     
  3. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Општина Карпош даваше 10000 денари и плус од град Скопје уште 5000 денари парите ги префрлаа на жиро сметка ,ама ова пред три години ,сега незнам како е. А од документи мислам дека требаше извод од новороденчето ,копија од лични карти од родителите и пријава што се зема од општината или од социјално . И да несмее да бидат поминати повеќе од три месеци од раѓањето .
    За секој случај прати некого во општината во која живееш да праша :)
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.545
    Допаѓања:
    95.416
    Пол:
    Женски
    Секоја општина дава различно, најмногу знам даваше Карпош, 10 000 денари, а за Аеродром со сигурност знам дека дава 5 000 денари, Центар мислам 8 000 денари. До пред две години пари даваше исклучиво општината, не и градот, сега ако има некоја промена не знам. Порано се давале торбици со потребни работи, сега даваат пари. За 2,3 и понатака дете, се оди преку министерство, други се процедурите. За ова процедурата е едноставно, кога се запишува детето се носат податоци и во општина и мислам парите стигаа на домашна адреса, ако не се лажам, ова за Аеродром ви кажувам.
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.657
    Пол:
    Женски
    Супер штом си добила толку Миа, јас лани добив некои 5000 ден. од општина Гази Баба. Пак ќе речам, зависи од општината. Заборавив да ја спомнам пријавата, ама не се сеќавам дали требаше личните карти од мене и сопругот... знам дека копија од венчаницата требаше, потврдата од матичниот гинеколог за прво дете и секако изводот од детето.
    Ова важи само за прво дете, за второ не даваат. А за трето мислам дека даваат, но не сум сигурна.
     
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    за трето даваат сеуште и секоја година е различмо така да децата родени во 2012 ке земаат 12,500 денари во рок од 10 години после аш :D :D
    за прво сега следува парична помош кај нас околу 3000 денари е тоа и подобро е што даваат пари инаку торбицата беше хаос што ми ја дадоа едино тетра пелени имаше5 парчиа што ми сенајдоа за сега прасина да си бришам :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  7. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    А покрај тоа што одредени општини даваат еднократна помош за новороденче, знам дека и од Фондот даваат 5000 ден. Која е процедурата за тие средства?
    Општина Аеродром дава исто 5000 ден., а општина Кисела Вода не дава еднократна помош. :Down:
     
  8. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Оти не кажувате вакви работи? :D Јас првпат слушам за надомест за првородено :)
    Ние сме општина Центар, дајте инфо како оди со надоместов, ако следува, зошто да не си побараме,4000,5000 или 8000, колку и да се, добродојдени се :rofl:
     
  9. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Даваат Micika, знам дека од Фондот сигурно даваат 5000 ден., а ова со општините секоја општина различно дава. Ако не знае никој за општина Центар јави се утре во општина, ќе ти дадат информација.
     
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Треба да одите во општина не покасно од 30 дена од породувањето и да го пријавите новороденчето. Од документи погоре кажаа извод од бебето, државјанство од мајката, потврда од лекар за прворотка и лична карта од мајката.
    Ги праќаат за месец време парите, а сумата зависи од општината, во секоја е различно.
     
  11. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    ова за општините знам дека даваат некоја сума, а за фондот не знаев...
    кај може да се види за таму шо ни треба, мислам од документи, и дали некоја мамичка зела од таму парички? :)
     
  12. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Јас сум грешка, значи не од Фондот туку од Социјално даваат еднократна парична помош за новороденче.
    Треба да се пополни барање за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче, во барањето пишува кои документи плус треба да се достават:

    http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/tri_beppn.pdf

    Барањето се поднесува во Центарот за социјална работа во општината кај што живеете.

    Еднократна парична помош за новороденче

    Еднократна парична помош за новороденче се обезбедува на семејството за прво новородено дете. За прво новородено дете се смета дете кое е прво живородено дете по ред на раѓање на децата на мајката, како и кога ќе роди повеќе деца одеднаш (близнаци,тројка и повеќе) при првото раѓање.За прво новородено дете ќе се смета и првото посвоено дете.

    Право на користење на еднократна парична помош за новороденче има еден од родителите, државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија за дете родено на територијата на Република Македонија.

    Висината на еднократната парична помош за новороденче изнесува 4.829 денари. Износот се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година објавени од Државниот завод за статистика, во јануари за тековната година.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    за еднократна помош за прво родено дете знам многу што земале ,јас лично не земав мм немаше време за да ги извади потребните документи ,инаку се добродојдени,золвами за второ земаше мислам 9 месеци околу 5600 денари, значи ова до пред 2 години , а сега другарками зема редовно за трето дете, сакам да ве прашам знае некој дали сеуште даваат за втроро дете ???
     
  14. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Доколку сте жители на Општина Центар - според лична карта или барем еден од брачните партнери е, Општината дава еднократна парична помош која изнесува 5.000 денари. Во барака број 6 се пополнува барање, се носи лична карта на увид, копија од трансакциска сметка и извод на родени од бебето. Се однесува на бебиња родени 2012 година.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    за второ сигурно не даваат а за трето не сум сигурна
     
  16. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    аха, само нешто не ми е јасно :?: значи и општината дава пари, и плус социјалното, или тоа се едни пари?? :)
     
  17. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    ^Да, социјалното секако дава, а општината зависи која, некои даваат некои не даваат, кај тие што даваат ќе си земете и од социјално и од општина.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    аха, е супер ко така, да се распрашам за ова од социјалното, и во општина, зато шо знам битола дека даваат пари за новороденче , ама од каде се тие пари е тоа незнам :)
     
  19. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Фала ти Убавка за инфото, ние сме двајцата по лична карта од Центар,така што ќе се обратиме обавезно до општината.
     
    На UbavkaBube му/ѝ се допаѓа ова.
  20. UbavkaBube

    UbavkaBube Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    95
    Нема проблем Micika80. Доколку сеуште не сте дошле, ако дојдеш ти може и кафе да пиеме! Ама дојди/дојдете утре. Петок ќе биде хаос, а понеделник веќе никој никого нема да го познава. :lol: Од 2013 здравје којзнае какви промени ќе следуваат, па да не ја прошуштите шансата за петте илјадарчиња. ;) Инаку, од социјално сите добиваат еднократна парична помош, да. А од општините, зависи од Одлуката на Советот или од Одлуката на градоначалникот. За Општина Центар, Карпош и Аеродром знам дека даваат. Кисела Вода не даваат. За другите Општини не сум информирана, треба да се јавите на телефон во конкретната општина, да побарате Сектор за јавни дејности и некој од вработените за здравствена, социјална заштита и заштита на децата или пак да ја/го прашање таа/тој кој/а кје Ви се јави дали конкретната општина дава пари или некоја помош во смисла на хигиенски пакет за новородено.
     
    На Micika80 му/ѝ се допаѓа ова.