Дали може да се земе ако не сме на иста адреса со мажот? И слушнав некој велат дека не треба потврда за жителство не барале,ај некој во скоро што бил нека пише
Потврда за жителство треба ако нема поминато повеќе од 1год откако ти е издадена лк. Ако ти е постара не бараат.
Izvinete edno prasanje, mene licnata karta mi e od dekemvri 2017, dali treba da vadam uverenie za zitelstvo?
Здраво, Прашање до оние кои поднеле барање за еднократна парична помош за новороденче до Министерство за труд и социјална работа. Имам поднесено барање на 11.07.2022, од банка ми бараат социјален број врз основа на кој ќе може да се префрлат парите. Јас досега ништо не добив од страна на Министерството, се јавив во кабинетот на министерката од таму ми рекоа дека мора да добијам таков социјален број. Ќе може ли некој од вас да ми каже какво искуство имавте додека ги добивте парите. Благодарам
За исплатата за второ дете, таму каде што ги поднесов документите ми дадоа лист што го однесов во банка. Прво ништо ми немаа дадено и чекав неколку месеци исплата, па пак го пратив сопругот да провери што е работата и тогаш му го дадоа тоа. Оди каде што имаш поднесено нека ти дадат се што треба за да однесеш во банка за поврзување на сметка.
Мене ништо не ми дадоа на шалтер, не ни знаат каков е тој социјален број. За Општина Аеродром инаку се работи, денес бев повторно на шалтер и ми рекоа дека по попта ќе сум добиела решение а социјален број не спомнаа. Хаос, незнам како е можно на некои да им даваат а некои да ги мафтаат ко мене
Чекај, од Општина Аеродром или од Министерство за труд и социјална политика - канцеларијата за општина Аеродром? Од Општина Аеродром ми дадоа само бројче дека ми се примени документите и толку. Ми стигна решение дома и исплата имав за 2-3 недели од поднесувањето. Ништо не носев во банка, ниту ми барале. Од Министерство за труд и социјална политика ми дадоа лист за поврзување сметка што го носев во банка. Решение никогаш не ми стигна, исплата по 3-4 недели од кога се реши проблемот
За исплатата за прво дете, не ми дадоа ништо, решение не ми стигна а исплата имав 2 месеци по поднесувањето на документите. За второто пак ми дадоа, откако долго време чекав. Изгледа секогаш е различно или не знаат што прават.
Да прашам, некоја членка од Ѓорче да ми каже за колку време и стигнале средствата? 3 месеци како имам поднесено ни абер ни глас
Еднократна парична помош дава Министерството за труд и социјална политика. Исто така и некои општини даваат дополнително. Од која општина си?
Канцеларијата за Кисела вода од Министерството за труд и социјална политика се наоѓа во бараките кај Виолина. А другите документи од општината мислам дека се поднесуваат во општина Кисела Вода. На веб страниците имаш информации кои документи се потребни, ама обично е извод од бебето, фотокопии од лични карти од родителите, трансакциска сметка, потврда од матичен гинеколог за кое дете е по ред или мајчина книшка. Исто така и барање што можеш да го симнеш и пополниш дома или од таму ќе земеш.