Девојки дали мора двата родитела да се водат на иста адреса за да се земе од општина надоместок или се гледа само од мајката?некој сега брзо што поднел документи за труд и социјала во бараките во карпош таму кај војдан чернодрински се така?од колку работат денес немало никој…..
Не сме на иста адреса по лк, таму малце му промрчеле на сопругот ама им кажал дека не ми се сменети податоците и рекле во ред. Инаку мислам порано да провериш, 9,10
https://mtsp.gov.mk/content/pdf/pravilnicidetska/2021/prilog_3_eppn.pdf да ми потврди некој дали е Ова важечко барање што треба да се пополни од социјално, плус лична карта, извод и книшка и трансакциска да не пропуштам нешто
За второ дете кој документи требаат дали некоја поднесла во скоро време Општина Ѓорче Петров и каде се поднесуваат
Копија од извод на бебе, копија од венчаница, копија од лични карти, копија од трансакциска, пополнето барање, го има на нет, и на лице место си плаќаш околу 300 ден беше мислам, се носат директно во општина. За прво, второ, трето дете исти док
Па најверојатно само од новороденчето. Ние поднесувавме за прво дете, ама ми кажаа други дека исто е и за други деца.
Јас поднесов почеток на Август во социјално и општина Аеродром. Од општина пуштија од социјално не се а рекоа до крај на месец август ке пуштеле...
Здраво девојки. Јас се водам во Чаир а сопругот во Ѓорче Петров по лична карта, бидејќи уште чекаме имотен лист за станот. На која адреса треба да го пријавиме бебето? Ви благодарам однапред
Devojki kolku vreme ima rok za podnesivanje dokumenti za ednokratna pomos za vtoro rodeno dete od podracna od trud i socijala i od opstina?