Уф е незнам каде се вади потврда. Јас мислев да ти предложам тој што има постара л.к. кај нас таков беше случајот, мојата беше нова, па мм поднесе барање во социјално.
Od MVR se izdava, potochno odite vo MTV, tamu se popolniva kratko baranje i ke ve upatat vo koja prostorija da go dostavite. Ne se chekaat redovi, kratko trae procedurata i ke ve izvestat za kolku denovi bi bila gotova (3-4 rabotni dena se cheka)
Здраво, да прашам: добивме решенија од општина Аеродром дека е одобрена исплата на еднократна помош. Е сега, треба само да ги очекувам парите на сметка или треба да одам во банка нешто да носам, која е постапката? Исто имаме поднесено и во труд и социјала, уште нема решенија, ако добиеме и со нив која е постапката?
Ако не ви стигнало решение од социјално дома, нека иде некој таму да го подигне. Јас го чекав 2ипол месеци да стигне, ама ништо. Отиде сопругот да праша, готово било уште по две недели од поднесување и го зема од таму директно. Решението се носи во банка и после чекаш исплата.
Од општина само очекуваш исплата, а од МТСП како што ти кажале подобро оди земи си го решението и се носи во банка.
Мајки од општина Ѓорче дали само од општина следуваат пари за прво дете, (каде и што документи поднесовте) или и од град Скопје давале ми кажаа ама незнам дали важи за во Ѓорче, жената беше од Аеродром незнаеше да ми каже
Град Скопје не дава, дава министерство за труд и социјална политика, за прво и второ дете за сите. Треба да поднесеш во регионалната канцеларија на министерството во вашата општина. Извод од детето, мајчина книшка или потврда од матичен, копија од лична карта и барање. Не се сеќавам дали требаше уште нешто.
Има некој аплицирано само со копија од книшка, без потврда од матичен? Не ми е јасно што ќе видат во книшката...
Глупаво правило. Или мајчина книшка(јас немав ни во двете бремености) или потврда од матичен. Демек за уредно водена бременост или нешто така . Матичниот мој кутриот првото бебе не го виде ниту еднаш на ехо, второт еднаш во 8 недела. Бременост водев на друго место. Не ми правеше проблем и ми издаде потврди. Едит: тука не пишува, а бараат и копија од извод на родени за детето.
Во мојот град или барем кај мојот матичен гинеколог има политика дека мораш минимум 3 прегледи да имаш направено за да добиеш потврда. Не знам дали е кај сите така.