Јас исто, поднесов и решение во банка и сеуште немам добиено исплата од социјалното на општина Гази Баба. Па не знам што помош ќе беше ова што треба да се чека со месеци, а административни процедури триста...
Проверете си во банка. Може да имаат некоја грешка при пријава. Не е нормално толку да доцни исплата.
И јас сакав да прашам после колку време имавте исплата за второ дете? Однесено ми е решението во банка пред еден месец сеуште чекам.
Општина Гази Баба е катастрофа, и јас со првото чекав повеќе месеци за исплата. Сега кај и да е пак ќе треба да поднесам не очекувам ништо поразлично. Ужас....
Јас исто сум од општина Гази Баба. Кога го поднесував документот во банка ми рекоа ако е се во ред со документите што се поднесени во социјалното да очекувам исплата најмногу за 1 месец. Така и испадна. Најубаво појди си до таму прашај што е работата
Kaj site sto gi prasav im isplatile 6000 za prvo dete. Ne znam zasto kaj mene samo 5200 se pusteni?!? Kade da se informiram podetalno?
Да не си имала нешто резервирани средства на сметка па да ти повлекла банката,иначе каде што си поднела документи таму прашај
По старо беше 5200, сега е зголемено на 6000. Кога си поднела документи можеби уште важело тоа по старо па затоа толку ти исплатиле. На решението дома што ти го праќаат треба да пишува колку ќе ти исплатат.
Не се разбирам воопшто, ама ми текна да прашам. Дали на овој прилив од еднократна помош се плаќа данок? Дали и под кој дел треба да го пријавиме во даночната пријава?