И јас чекам сеуште, на 22.02 имам поднесено, но сеуште нема исплата. Пишав на мтсп, ми побараа матичен да проверат, но не вратија на пораката повеќе.
Ова ќе бидат новите мерки на владата за новороденчиња (најверојатно од 1. јан 2025), дали би ве мотивирале да имате трето дете на пример? 1. Еднократна финансиска помош: за прво родено дете 250 евра, до сега истата е 8 илјади денари, еднократна помош за второ родено дете од 500 евра, моментално е 26 илјади денари и 750 евра за трето и секое следно, како и за близнаци. 2. Стимулативни мерки за вработени мајки: една година поврат на уплатен данок на личен доход за прво родено дете, две години поврат за второ дете и поврат за трето и секое наредно повратот на уплатен данок на личен доход ќе трае до полнолетство на прво родено дете 3. Сигурно место за во градинка за секое дете. 4. 6 бесплатни ИН ВИТРО постапки.
Нема зошто со ова се гледа дека трошоците за живот одат нагоре па пак нема да си во можност. Сигурно место за во градинка е невозможно бидејќи треба уште 100 градинки да изгради до 2025. Еве во моите згради има 200 деца најмалце, мислиш дека ќе ги собере во една градинка? Д ане коментирам дека плус се градат, а од веќе изградените има некои 400 деца плус тоа се 600 деца во најмала рака. Се им пропаѓа во вода.
Grad Skopje posebno, opština posebno? Misliš od socijalnoto toa? Deka ima opština i državata, do sega.
Zdravo na site. Ke moze li info od nekoj Sto znae, za novorodence isplaka ministerstvo za trud, grad Skopje I opstinata vo Skopje kade Sto ziveeme? Site tri institucii isplakaat?
Dali ti isplatija od opstina K voda? Imame podneseno od januari uste nisto..ni rekoa od koga ke se forimira vlada i pak nisto.
Нас исто ни кажаа во општина Карпош, поднесено во Март, да чекаме исплата средина на Јули месец поради формирање на владата.
Дали некој знае општина Гази Баба колку исплаќа? Јас сега тука ве прочитав дека и Скопје и МТСП исплаќаат. Тоа каде и како се поднесува, кои документи?
Можеби малку глупаво прашање но дали ја даваат таа еднократна парична помош за бебиња кои не се родени во Македонија?
Град Скопје не исплаќа, само општината кај што живеете и тоа не секоја, на пример Чаир не исплаќа, и МТСП.
Од МСПДМ не, од Општината не знам. Детето треба да е родено во Македонија и родителот да живеел 12 месеци непрекинато во Македонија.