Поднесовме во социјално за второ дете. Му рекле на сопругот за 1 месец да оди пак, да му дале некој социјален број, па после исплата. Што е тоа? Така ли функционира сега? За првото немаше такво нешто.
Така е, само порано даваа бројче одма, сега не знам зашто викаат друг пат да дојдеш за бројчето. Првоѕо дете пред 5год, одма дадоа бројче кога носиш документи, второто пред 4мес отидов да земам бројче после неколку недели. Ама од секогаш имало бројче што се носи во банка.
Ти даваат ливче едно па за 1 месец одиш за потврда и тоа се поднесува во банка. Секој 5ти во месецот исплаќаат на сметка доколку се е океј. И нека ги провери датумите на потврдата да не му ја издадат по грешка од прво дете како на мене што ми направија.
Јас не памтам дека носев во банка нешто пред 3 години. Значи тоа бројче што ќе ми го дадат, го носам во мојата банка и чекам исплата?
Општина Гази Баба сум. За трето дете нешто даваат? Општина и град Скопје? Таа еднократна 5000,6000ден следува и за трето дете?