За колку време од прилика ви стигнало решението? Пред два месеци ни се поднесени документите но сеуште ништо, а кај нас даваат и од социјално и општина. Нема уште ниту од едните ниту од другите
Од општина за 1 недела од поднесување. Од социјално, решение ми дадоа исто после 1 недела, поднесено околу 10.8, кажаа да одам во банка и дека на 5-6 септември ќе имало исплата. Ова за Свети Николе.
Некој искуство со близначиња за еднократна парична помош? Како ги рачунаат, како едно дете според раѓањето или оделно, прво родено и второ родено? Малку не ми е јасно на сајтот објаснувањето и не е логично. Според мене близнаците ги рачунаат како едно дете..
Едно е. Логиката е дека не си планирала две деца да родиш. Исто е и ако близнаците се второ и трето дете, исплата даваат само како второ, за третото не. Е сега ако имаш 3то после близнаци, тогаш ти даваат како за трето.
Ако имате близнаци ви се рачунаат како прво и второ дете. Треба д ппднесете барање за прво и за второродено дете.
Другарка има три деца, од кои еден пар се близнаци. И едното и го броеја како трето. Ама она уште пред некоја година фати кога беше помош секој месец за трето.
Јас имам близнаци,со втора бременост. Ми ги сметаа како едно дете.т.е како второродено и добив исплата како за едно дете,бидејки нема веќе исплати за трето дете. Е сега прашав ако близнаците се први како е,тогаш ги рачунат како две и документи се поднесува за две и пари секако како за две.
Кажете ми има ли решение,прашувам за другарка. За второ родено дете парична помош од општина,личните карти на родителите се со различна адреса. На мажот е лисиче на мајкава е ѓорче. Како да прават за да земат помошта?
Видете дали Ѓорче или Лисиче даваат повеќе пари, и во таа општина ќе си поднесе родителот што е од таму. Јас и маж ми сме на различни адреси ама иста општина, и така ме советуваа кога аплицирав со првото дете, кога кажав дека сме во истата општина ми рече дека тогаш не е важно на чиво име ќе аплицирам.
Да тоа дека нема ништо за трето дете, затоа. Инаку кога беа тие 8000ден месечно, другарка едно прво имаше и после близначиња и тие и ги рачунаа второ и трето и зимаше 8000 месечно. Јас за трето поднесов само во општина за тие 5000. А матичната па му пратила на маж ми две потврди за да сум поднесела и во социјално. Но ништо не следува... Ваљда нешто се збунила.
Dali nekoja ima zemeno od opstina aerodrom I za kolku vreme ja vrsat isplatata posle podnsuvanje na baranjeto?
Сакам да поднесам за прво дете. Треба од општина Аеродром па каде да поднесам? Исто и за од градот, каде се поднесува? Ќе го праќам маж ми, па да дадам конкретни насоки.
Мајки дали знаете кога е прием на документи во Центар за социјална работа Скопје? Од колку до колку часот примаат документи? Да не одам џабе да не губам време.
Преку Центар за соц.работа ,за Аеродром се наоѓа на паркингот лај спборен храм во тунелот од лева страна.