Дали има некој во последно време да земал од општина Гази Баба парична помош? Барам на интернет пишува дема следува по 5000 денари за новородено. (Незавсино од тие од социјалното) А тука читав постари објави дека од општината не давале, туку само поднесувале документи во Центарот за социјални работи што е на ниво на општина...
Од двете места. Туку, за парите од социјално, на мм му рекле да оди пак за еден месец да му кажат дали ќе ни одобрат, и тогаш да му дадат бројче за во банка. За првото немаше такво нешто, еднаш само бевме во социјално, малку ме зачуди поради која причина би можеле да не ни одобрат?
Сега гледам, јас и маж ми сме на различни адреси по лк и поднесов во февруари мислам немав проблем И со првото дете исто пред 3 години
За еднократна парична помош за опш.Аеродром адресата е Бул.Климент Охридски бр.15 што на мапа дава некаде во Карпош. Може некој што веќе бил да ми каже каде се поднесува локациски точно за опш.Аеродром?
dali ova vazi samo za prvite 3 meseci ? ne sum znaela a sega bebeto mi ima 4 meseci dali znaete dali mi sleduva ?
Ако ти е за социјално за општина Аеродром е кај Соборен храм,одма послем соборен храм десно во пролазот од лева страна има шалтер со графити е цидот.
Рокот за поднесување во општина е 1 год за парична помош за за социјачно мислам дека е исто ,ама за сигурност прашај.
За социјалното е сигурно 3 месеци, за општината може грешам, а може зависи и до општината, Кисела Вода знам дека е 3 месеца на пример Барањето за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче со потребната документација се поднесува до надлежниот центар за социјална работа, најдоцна до наполнети три месеци живот на детето, а за посвоено дете најдоцна до три месеци од заведувањето на посвоеното дете во книгата на родените.
За 2025 год во општина Аеродром рокот е до 31.03.2026год.За другите општини најдобро ќе биде да се провери.
Лошо сум се изразила, знам дека е еднократна. Разбрав дека еднаш во месецот вршат исплата за сите што треба да земат тој месец, на тоа мислев. Дали е на 5ти, 10ти, 20ти..