Со барање, извод и копија од лична карта на мајката се поднесува во социјалната служба за вашата општина, ќе ви кажат после колку време (обично 10 работни дена) треба да се вратите за да ви дадат бројче да го однесете во банка
Да, да треба извод. Пишав само извод требаше да дообјаснам а исто заборавив дека треба и потврда од гинекологот матичен што ти е, си знаат они што како
Дали имате информација каде се поднесуваат документите за парична помош ако си по л. карта од Ѓорче Петров? И дополнително ако има некој кој поднесувал и документи во општина што е потребно и како е процедурата?
Пошо немам година од л.к заради северната ми бараат потврда за живеалиште. Е сеа дали може да се поднесе на името на мм и дали ако е на негово име исто важи ова 12 м да е важноста на л.к не ми е јасно според официјалните податоци ставени на МТСП. Ме мрзи да одам по МВР за потврда или некој ако знае онлајн дали може да се извади истата на услуги барав но не најдов.
Дали на некој се случило да го одбијат од социјално бидејќи нема 3 години откако живее во таа општина која е на лучната карта? Пред еден месец поднесе мм документи, му рекоа за еден месец да се врати за дали е одобрено, ама слушнав не дослушнав дека за тоа одбивале. Ќе оди денес секако, но дали ќе може да поднесе ново барање на негово име?
Не постои таков критериум за остварување на право за парична помош за новороденче од МТСП. Условот е мајката да има постојаното место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Македонија (независно од општината) до денот на раѓањето на детето. Ако личната карта ти е понова (има помалце од 12 месеци) се зема потврда за живеалиште од станицата во МТВ. Да не ве одбиле од општина? Они може да си имаат таков услов.
Беше мм сега, кажале дека е одобрено ќе имам исплата. Уз муабет така разбрав дека кога ги носеле документите од мајката им кажале демек да го поднесат на името на мажот зашо немало да и одобрат нејзе. Затоа викам, слушнав не дослушнав. Инаку од општина Ѓорче ме одбија зашто само јас сум со живеалиште таму, иако станот е на име на мм.
Kade treba da podneseme za paricen nadomestok ? Vo centar ziveeme vo Skopje, znam deka ednoto e od opstina centar, drugoto kade se podnesuva na koja lokacija?
Потврда што се зема од матичен гинеколог, за родено дете мислам дека е, ама ќе кажеш кај докторот ќе знае
Колку даваат сега за второ дете од министерство за труд и социјала? И кои документи се потребни за поднесување?
Дали од социјално позади соборна навистина се јавуваат кога има решение? Поднесено завршно на 06.05.2025, а претходно скоро месец ме враќаа поради нова лична карта, да вадам потврда од МВР од друг град. Денес отидов ми рече таа ќе ми се јават не сакаше ништо да провери, и викам скоро 2 месеци се поминати, ми вика ако...
Па и јас така си мислам дека доста време е поминато, а не сакаше ни да провери... страшно какви луѓе работат на такви места