Здраво Има некоја членка од Гостивар ? Каде се поднесува за новороденче и колку е еднократен надоместок?
Дали некој скоро поднесувал вакво барање за министерство? Матичната докторка гинеколог ме упати кај матичниот доктор за потврда дека сум родила. Прв пат слушнаа дека требало да ми дадат нешто. Инаку сум приватно породена и од таму имам отпусна листа. Број 2 не ми е јасен. овие докименти велат се потребни 1. Важечка лична карта на мајката – се доставува на увид за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење на мајката од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето, а доколку подносител на барањето е таткото се доставува важечка лична карта од мајката на детето на увид за докажување на постојаното место на живеење на мајката, и важечка лична карта на таткото за докажување на идентитетот, државјанството и постојаното место на живеење од најмалку 12 месеци непрекинато на територија на Република Северна Македонија до денот на раѓањето на детето; 2. Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 или потврда од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство за редот на раѓање на детето/децата, а за посвоено дете потврда дека мајката нема прво/второ живородено дете; и 3. Копија од трансакциска сметка
Матичниот гинеколог треба ти даде потврда, а не матичниот лекар, не знам зошто те пратила. А тоа мајчина книшка нема потреба
Zdravo Majki, Dali nekoj ima zemeno ednokratna pomos za vtoro dete od socijalno mesecov? Aplicirav pocetok na septemvri…
Мене матичниот гинеколог ми даде потврда за првородено дете. Исто на приватно се породив. Не знам зошто кај општ матичен те пратила.
Јас за два знам, социјално и од општина. Сестрата кај матичниот ми кажа уште тогаш што документи треба, исто маж ми поднесе документи. Само што од социјално добив одговор дека ќе ме исплатат, ама некако тешко.
Не сум од Скопје и колку што знам за сите општини важи, околу 5000-6000 денари мислам беше износот за прво дете скроз сум заборавила.