Здраво. Дали знаете колку изнесува сумата за второ дете? На договорот ми пишуваше 27 200, ама денес ми стигна поголема сума, па си викам да не е грешка и после да не треба да им ги враќам, ако ги повлечам. Или да си се јавам подобро?
Вчера поднесов во социјално ама заборавив да прашам колку исплаќаат за второ дете. Поднесов и во општина, рекоа 6000 ден, ама ќе сум си почекала. Сега завршиле избори па ќе се одолговлечело.
Ako moze nekoj da me oprai sto se dokumenti treba da nosam za da dobijam nadomestok za novorodence, ziveam vo Karpos
За министерство мене ми бараа потврда од гинеколог, лични карти, изводи од тројцата и пополнета пријава со трансакциската сметка моја. А дали некој знае како оди исплата? Од таму ми дадоа само архивско бројче? Тоа го носам во банка ли?
Може и од двете. Има една од општините каде износот ми се чини е различен зависно од каде си. Ова за Скопје. и можеш да поднесеш и во министерство за труд и социјала. Ова вака тука прочитав и така и поднесов.
За Карпош за да земеш од Општина може само ако и ти и мм зимате (и сте пријавени) на минимална плата, или така нешто беше. Инаку другото е од град Скопје
А од Град Скопје/социјала како оди? Мене Од таму ми дадоа само архивско бројче. Тоа го носам во банка ли или чекам потврда прво?
Лелеее, многу комплицирано ова излегува. На десет места за да каснат на крај. А колку после добивање на ливче се оди за потврда? Има ли правило?
Мајки во четврток ќе донесам мала принцеза на свет... Со царски Ве молам искуство како и каде се носи за пријавување на малата (тато не како нас не трча по канцеларии)... Мажот ми ич не е по тие работи ... Кажете ми што документи треба, каде да пријавам за првородено, колку се исплаќа, сега торбици не давале туку пари (да не знае некоја мајка колку) ... Породилно нема да земам бидејки ни јас ни сопругот не сме вработени...
Мајче, ти со царски мало сутра дека ќе можеш да го правиш тоа. Ќе си го подбереш мажот, и муабетов не е по тоа ќе го заборавиш. Дете му се раѓа, има да научи дека по се ќе биде. Не си ја барај бељата уште неродено, детето е заедничко, не е помош тоа од него. Сега највеќе треба да биде сопруг.