решение треба да ти дадат после еден месец, на него има социјален број, со тоа решение треба да одиш во банка
Здраво мајки, сакам да поднесам за паричен надоместок за второ новороденче, од Аеродром сум, ве замолувам да ми кажете во која служба да поднесам и кои документи се потребни Знам дека и од општина и од социјално даваат само не знам каде се наоѓаат службите кои се надлежни за тие услуги
27 226 ми префрлиле од социјално. Општина Аеродром мислам 8 дава, за тие мм дал сметка него му префрлија.
Жени маж ми денес носеше документи во социјално за второ дете и му искоментирале за оној документот од гинеколог дека требало оригинал, а моја другарка поднесе копии без проблем ги прифатија. На маж ми му дале бројче ама мене ми е да не ме заглават за тоа од банка што треба а веќе месец ипол е поминат од пораѓај. Оригинали ви бараа вас или копии?
Zdravo izvini sto ne mozam da ti pomognam za prasanjeto Me interesira kade se naogja toa socijalno da podnesam za vtoro dete?
Нема да те заглават, инаку три месеци од раѓање може да се поднесат документи во социјално. Откако ќе ги поднесеш со тоа бројче што го даваат, за еден месец одиш пак во социјално за да те поврзат со банката. После одиш во банка и отприлика за еден месец пуштаат пари на сметка. Јас лично бев за да поднесам документите, а сега со бројчето со моја лична карта ќе ја пратам мајка ми. Инаку оргинал документ од гинеколог, копии само од лични карти, трансакциската сметка и изводот на детето. Мене проблем ми направија што ми ја бараа старата лична карта со старото презиме, среќа што имав копија од истата направена, инаку ми рекоа во МВР да одам да ја барам. А, да важи!!
Мене за истово ми бараа па потврда од Мвр за жителство така мислам се викаше не прифаќаа со копија од старата л.к
Забегана работа, среќа што имав копија, инаку ќе баталев работа. Работава е да се откаже човек од тие пари, да неможе да ги собере сите документи.
Здраво, каква е таа потврда што се бара за надомест од социјално? Има некој готов образец? Мајчина книшка на увид за мајката со копија на страници 3, 5 и 7 или потврда од избран лекар- специјалист по гинекологија и акушерство за редот на раѓање на детето/децата