Mislam deka okolu 6800 bese. Ama mnogu cekav. Kraj na avgust podnesov mi isplatija posle nova godina.
Здраво девојки, кој е актуелниот статус со исплата за прво новороденче? Дали треба во општината каде што живеам или во град Скопје да поднесам документи или во Социјално? Или во сите три? Ви благодарам многу, секој одговор е добредојден
Епа за оваа ме вратија па ја поднесов оригинал после. Од матичен гинеколог е документот за кое по ред родено дете и мора оригиналот. За Ѓорче јас поднесував горе кај млечен, истото е и за Карпош, Сарај и Влае ако не се лажам. Се јавив ми рекоа мора оригиналот инаку нема да ми потпишат и го однесов истиот ден
Здраво , на мажот ми ова ливче му го имат дадено од социјалното, кога ги поднесуваше документите за надоместок за второ дете , дали треба со ова ливче да се оде во банка или по втор пат да оде во социјалното за да земе број
Пак треба да оди во социјално со ова бројче за да му дадат решение и после со тоа да оди во банка. Мене ми рекоа после еден месец да одам пак во социјалното.
Здраво, дали може да ми кажете каде се наоѓа тоа социјално,не разбрав дали се општински канцелариите или има една на ниво на град Скопје? И дали е ова барањето што треба да се пополни за во социјално или барем дали има таму на шалтер па да пополнам на лице место
Ве молам некој нека сподели што треба отприлика да пишува на потврдата што ја издава гинекологот и што ја доставуваме во социјално.
Здраво. Дали само во Карпош е со услов двајцата родители да имаат примања до 60000 или и по другите општини?
Во Кисела Вода уште процедурата е дека се поднесува во општината и во бараката на социјалното кај Bedroom ресторанот? За второ дете колку што видов се истите документи: барање за еднократна помош, потврда за раѓање на второ дете од матичен гинеколог, копија од лични карти и трансакциска сметка, нели?