Јас од општина многу брзо земав, од социјално пројдоа 6-7 месеци уште немавме земено и на мм му текна да појде до банка да праша зошто нели во банка се поднесуваше документот па испадна дека вработената во банка документот го испроцесирала како барање за социјална помош. Откако направија исправка во банка за 2 недели ни легнаа и тие пари.
Без оглед дали и двајцата родители се вработени и без оглед на висината на примањата? За првото земав, ама тоа беше многу одамна... Како и да е благодарам за одговорот,имај убав ден.
Ми кажаа дека за да поднесам за еднократна парична помош од социјално, требало да одам во општинско социјално. Дали знаете за општина Аеродром каде се наоѓа, каде да поднесам и што документи требаат? Пробав на неколку телефони што ги најдов на нет да ѕвонам, ама стандард ниеден не функционира секаде мејли се уклучува…
Во општина треба да поднесеш, на прв или втор кат мислам ама доле има приемница па ќе те упатат поточно. Општината се наоѓа во втората зграда после капитол мол во правец Центар-Ново лисиче.Таму има и барање да пополниш а еве ти линк ако сакаш да си испринташ од дома, тука пишува и потребни докименти. https://aerodrom.gov.mk/wp-content/uploads/2026/03/baranje-novorodence-2026.pdf
Поднесов во општина аеродром, јас прашувам за од социјално имало пунктови за општините. Во општина аеродром прашав на шалтер, ми кажаа дека пунктот е за општина центар и општина аеродром и дека се наоѓа кај соборна.
Ако мислиш на помош од социјално што е секој 5ти во месецот пуштаат пари е сега се чека малку за тие пари али ги исплаќаат кога тогаш. Јас поднесов документи во јануари, ме исплатија во април.
Локација https://maps.app.goo.gl/LJMuX92e1ieVJrNEA Се гледа и на сликите, во приземјето на зградата има еден прозор на шибер со решетки и таму се поднесува.
За истата работа збориме, еднократна помош за новороденче што ја исплаќа град Скопје преку социјално која не е 5000 туку е 6800 за прво дете. Секој месец на 05ти исплаќаат на различни луѓе што имаат поднесено документи.
Jas podnesov vo Fevruari za ednokraten nadomestok za novorodenche no seushte nemam, chitam neshto treba da se odi vo banka so brojcheto ili ne ?