Колку време после поднесување во Скопје и Аеродром ви префрлиле пари? Од кога ќе добиете тие ливчињата со број, што правите? На сопругот ништо не му кажале
Ништо, го чуваш ливчето од Аеродром, тоа е доказ дека ви е примено барањето. А за социјално решението во банка лично се носи. Ние за околу 2 месеци добивме пари и од општина и од социјално.
Маж ми само плаво ливче со бројче донесе дома од социјално. Решение треба накнадно да ну дадат или он заборавил нешто?
Изгледа е накнадно решението е лист а4 формат со текст, само не знам како известуваат дека е готово, дали треба да се оди, тоа нека каже некој. Нас ни го донесе познаничка што работи таму, затоа не знам како е процедурата.
Девојки, која е постапката за еднократен надомест за второ дете? Каде се поднесува во Скопје и кои документи се потребни?
https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5457 Еве пишува на линков што документи се потребни. Кај делот со мајчина книшка се носи потврда оргинал добиена од матичниот гинеколог. Е сега во зависност која населба си, се носи во тоа подрачно социјално. Јас од Ѓорче поднесував во социјалното што е позади млечен.
Јас негде март поднесов во социјално, а крај на април ме фати за во банка. Некој да добил пари што поднел овој период?
Јас аплицирав во Понеделникот за вредносен ваучер од 3000 денари (поднесов копии од извод од бебето, трансакциска и лична карта и барање кое ти го даваат на лице место). Има опција и за еднократна помош од 8000 денари ама таа е ограничена со вкупен приход на родители. Ќе прикачам линк... https://karpos.gov.mk/јавен-повик-за-доделување-на-парична-п-2/