Безобразни. А мислам дека еден период даваа само доколку едниот родител е невработен. Можеби грешам. Знам дека се комплицирани околу давањето парички.
Гледам секаде бараат "доказ за трансакциска сметка" или "копија од транскакциска сметка" - тоа е посебен документ од банка што се вади или само картицата ја фотокопирате?
Картицата, ако на неа го пишува бројот на трс. Ако не, од банка ке ти дадат едно лифче, 1 мин работа е.
За Струмица По 3000ден за секое новороденче http://strumicadenes.mk/gradonachal...a-sekoe-novorodeno-dete-vo-opshtina-strumica/
Има ли некоја феминка од општина центар да знае дали следува некаков паричен надоместок за второ дете.Сама го чувам бебето до 16 часот, и немам можност да се информирам
Ако отидеш тука http://opstinacentar.gov.mk/Сервиси-за-граѓаните/Формулари вториот формулар е за новороденче и на него ќе видиш има опција и за првородено и за второродено итн. така што претпоставувам следува, но најсигурно можеш да прашаш на 02/3203-600
Да, важи само за породените на гинекологија во струмичката болница и жители на општина Струмица. Ни рекоа ќе не контактираат телефонски. Еве и @duffi тоа пишала
Може ли некој да ми каже каде точно се носат документите за еднократната помош што треба да ја добиеме од социјално, или од Фонд ли е - каде и да е тоа второто место каде што се даваат а не е општината?
На "симпо" кај што има студенски дом за средношколци, близу до училишето Чернодрински. До домот во едни ниски стари бараки. Јас не бев, па ова само ориентационо. Едит. Инаку е министерство за социјални работи или како и да се вика со цел назив.
Зависи под која општина спаѓаш ,ние сме од Центар и документите за првородено дете ги носевме во бараките кај тутунски комбинат таму е за центар и некои други општини незнам точно кои само .
Да, и јас сум во Центар - а може ли поточно да ми кажеш каде се тие бараки? Значи и ова би му дошло кај тутунски всушност, ко што рече @elcezelce - фала ви на двете, сега ми е појасно
Да кај тутунски комбинат има едни стари бараки на водовод биле порано мислам, нема да ги промашиш само имај си целосна документација и одма ќе си завршиш работа ( носи потврда од гинеколог дека ти е прва редовно контролирана бременост ,извод од бебето ,и фотокопии од лични карти од родителите и тансакциска сметка ) инаку немора лично во труд и социјала може кој било да поднесе .