Јас како што разбрав Елче објаснува за надоместокот од општина. Јас зборував за надоместок за првородено дете, или ти што би рекла од фонд или социјално. Тоа се два различни надоместоци. Освен ако сум грешка, па и кај тутунски има некој дел од министерство.....
А за колку време исплаќаат?? Ние поднесовме пред 1,5м сеуште ништо нема, ниту известување некое ми стигнало дома..
Нас ни рекоа дека за 1месец но еве може и подоцна да е...рекоа ќе стаса известување преку пошта.Ама ќе си почекаме поизгледа Значи за надоместок за прво дете од општина ќе си поднесеш во општината а за надоместок од труд и социјала ќе одиш во бараките кај тутунски.Јас сум од Аеродром и пуштив документи таму кај тутунски во бараките а во општина аеродром исто така.
Треба прво да ти стигне решение по пошта ,и со тоа решение одиш во банка ,па после чекаш да ти префрлат пари на трансакциска .Мене во банка ми рекоа дека мн брзо одело тоа ,само незнам колку е брзо за нив јас поднесов со август ,дома ми стигна решение во септември ,а пари ми префрлија крај на ноември . Едит - Објаснував за парите од труд и социјала ,не за тие од општина .
Мамички вие што немате поднесено документи во труд и социјала чисто да си знаете дека најкасно до 3 месеци од породувањето треба да поднесите документи, ако е после 3 месеци не ви следуваат пари- 5000 ден. Другарка ми поднеси после 3 месеци и некоја недела од породувањето документи за близначиња и и кажаа дека не може да земи пари, затоа што е поминат рокот од 3 месеци.Чисто информативно да си знаете...поздрав и убава вечер
За тие од Труд и социјала прашував Фала за инфо, не знаев дека со известување идам во банка и чекам пари
Ima socijalen broj na resenieto, istiot se povrzuva so tvojata transakciska pa otposle gi pustaat parite
Пред нова година ми стигна потврдата и решението од социјално за да одам во банка и отидов за некој ден. Еве февруари веќе нема уште пари. Има ли некој рок за колку треба да се исплатат парите. Она што ми е чудно во банка не добив никаква потврда дека внесов документи а ми ги зедоја оригиналите и од потврдата и од решението. Сега со копии и да се случи да не стигнат парите значи немам никаков доказ. Некоја слично искуство? Или каде да се информирам?
Мене решението ми стигна на почеток од ноември, во банката исто само ми ги зеде документите и рече пријавено. Еве сега гледам на 15 декември ми имаа пуштено 5017 ден.од социјално. Ќе пуштат сигурно.
Дали знаете парите од социјално и од општина дали треба да се пријавуваат во ујп? Мене до сега ми нема стигнато потврда за платени придонеси ни од двете, а рокот е до 15 март.
Девојки кажете ми како треба да се пријави во ујп овие парите од социјално? Документ треба нешто да носам или таму во ујп налице место?
Треба да ти стигнат потврди од секаде каде што ти префрлиле пари за да множеш да ја пополниш пријавата од УЈП