Парите од социјално ми кажаа дека не треба да се пријават баш тоа и прашав деновиве само од општина треба но тоа другата година...дека во 2018та Јануари ми ги пуштија..Нели се пријавува во УЈП за изминатата година? Или грешам?
Сега пријавуваш само тоа што ти легнало на сметка во 2017. Значи, парите од општина догодина ќе ги пријавиш.
Денес дури потврдата ми е во раце и тоа не се ни потрудија да ми ја пратат, туку татко ми беше лично па од таму му ја дале. И уште му рекле супер што дојде да не праќаме абе пред 2м е поднесено! И сега треба да одам со потврдата во банка нели, па да чекам исплата.. Аха таман до роденден ќе му стигнат
Хммммм.... е не знам, татко ми поднесуваше, па како ми кажал така знам, потврда да чекам дома да ми стигне, па во банка..
И тука така најчесто пишуваа женчињата. Мене мм ме изненади кога ми рече дека го пратиле со некој лист во банка.
Сега ако можеш уште утре да поднесеш во банка, зошто банките прават пријави/одјави до 20ти за да го фатиш месецот. Комерцијална и прокредит знам сигурно не работат со МТСП, за другите повеќето мислам дека соработуваат.
Мајки потврда за прво родено треба да ми издаде гинеколог или на одделение каде се породив? Матичниот ми вика на одделение да барам потврда за степен на бременост.
Само мене изгледа не ми следуваат пари за новороденче. За првото оти посвоено не ми дадоа, не ми следувале, за второво, родено, пак не ми дадоа, не ми следувале сум имала едно, посвоено. Е ајде сега кажете ми ве молам каде е тука логиката. Од Општина Карпош не ми следувале, со мм сме имале високи примања . Е да чекав јас од државава пари за децава ќе ми умреа од глад. Нека ми се живи и здрави двете ама ич ништо не ми треба, фала му на Бога што можеме се сами да им удоволиме.