Прашајте пак во општина, и кај нас немаше ништо, демек ќе се јавеле, а потврдата готова во општина стоела па дури денес ја земавме и после во банка треба со неа да се оди.
Сакам да прашам дали знае некој дали даваат пари за прво дете во општина Карпош? Ми рекоа дека ако двајцата надминуваат плата над 30000ден не му следува, а други викаат дека добиле, па колку е веродостојна информацијава
Сестра ми зема еднократна парична помош од општина Карпош меѓутоа платите не им надминуваат 30 000 ден.
Може ли да ми објасните коккојдава еднократна парична помош? Гази Баба не дава, дали општо дава градот на сите?
ова документиве за во социјално има врска од која општина си па дали да ги поднесеш, во бараките кај тутунски или во бараките таму кај школото на рузвелтова? незнам кај да одам да не се маткам заџабе по градов, или не е битно каде ке ги поднесам.
За колку време се добива одговор од социјално за парите кои ги даваат? Поднесовме крај на мај, но сеуште не ни е стигнато известување.
Од општина (Аеродром) ги пуштија за 3 недели на сметка и не ни стигна решение, но од министерство нема абер. Рекле дека треба дома да ни стигне некаков документ или решение (не знам точно), а потоа од банка да се подигнат парите.
Не знам тогаш. Иста инатитуција се. Мин за труд и социјала, само ова е подружница Карпош. Тука одма даваат потврда и не чекаш ништо по пошта.
Ако не ве нашле дома, не го оставаат мислам. Инаку мораш да го имаш документот. На него има едно бројче што во банка треба да го врзат со твојата сметка за да имаш исплата. Чисто информативно ако сметката ти е во комерцијална или прокредит нема да можеш од та да ги пуштат од таму. Барем до скоро не можеше.
Не верувам дека не не нашле дома. Обично попладне излегуваме со бебето на шетање, а преку ден сме дома. Ќе мора таму да прашам. Чудно ми е што одамна е поднесено барањето, а уште го нема документот. Треба да отворам сметка во една од тие две банки? Или има начин да ги префрлат и на сметка од трета банка со која немаат склучено договор? (Ако воопшто стигне тој документ ).
И Стопанска банка може. Ако немаш, ќе мора да отвориш трансакциска во некоја од банките што имаат договор.