Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еднократна парична помош за новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од Unique.chick, 30 август 2012.

  1. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222
    за тоа сме тука ;)
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    мешенца јас секој ден си проверував на картичка дали има парички, кога еден ден ми ги донесе чичко поштар како на времето, парите на рака, ехехех
    само незнам за шо им беше копија од трансакциона сметка :D
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Значи,еднократната парична помош е на ниво на држава,согласно со Закон.
    Помошта ја дава државата поточно Министерството за труд и социјала без разлика во која општина живеете,така да сите што ќе поддадете документи за родено прво дете ќе земете парична помош од 5013 денари (13 денари му ги дадов на поштарот,да го `частам` :) Сите документи кои ви се потребни можат да бидат фотокопии(пр.извод од матична книга на венчаните,ивод од матична книга на родените-се однесува на новороденшчето,фотокопија од лична карта,фотокопија од историја и сл)само мајчината книшка или потврда од специјалист за прво родено дете треба да биде оригинал...Ова се документите кои ги паметам,ама мислам дека се сите тие :)
    Нема некои тешки процедури.Кога имате право на тие пари па зш да не ги земете :) Да искористиме нешто од државата,а не само таа од нас ;)
     
  4. pravnicka2

    pravnicka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2013
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Парична помош За второ родено?!Јас колку што знам,никогаш не давале и Сеуште не даваат за второ родено :?:
    Золва ти да не има земано породилно?! Породилното се дава 9 месеци во износ на платата која си ја земал(мислам дека со новиот Закон е 100*100)
     
  5. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    ај кажи ми документите кој што треба да ги доставиме ако се сеќаваш со требаше :lol: ;)
     
  6. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    колку шо се секавам требаш
    - фотокопија од личните карти моја и од мажето,
    - копија од трансакциона сметка
    -копија од извод од бебушко
    - барање таму ке ти го дадат
    - потврда од матичен гинеколог дека тие прва бременост, или копија од прввите стр од мајчината книшка
    мислам дека ова беше се :?: хех ама кога ке одиш таму ке ти кажат , инкау мене ми стигнаа 3 решенија, цели е хаос, и по 2 месеци дури ми ги исплатија,
    п.с ануле кој те породи тебе
     
    На anule88 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. anicka1anicka

    anicka1anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2013
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    222

    даваа 4831,00ден, 9месеци но укинаа за жал :( многу им се виде трошок на буџетот. ќе осиромашат
     
    На Forko му/ѝ се допаѓа ова.
  8. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Правничка даваа за второ дете знам сигурно пошто золва ми е невработена ,инаку имаше срека го фати законот кој траеше само од 2009 до 2010 па после го укинаа , им се виде многу хаах се решија сите на второ дете да идат па побрзаа да го укинат :x
    инаку и мене докторот ми даде потврда дека сум ја водела таму бременоста ,дека влегувам во деветти месец и сум ги направила сите испитувања ,а подоле пишува за надомест за родено дете :?: тоа е тоа или ке треба да ја фотокопирам и мајчината книшка ? (одпосле дома ја видов потврдата измешана со упатите :) па се збунив )
     
  9. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Мамички да ве известам дека општина Кисела Вода годинава нема да дава пари за првороденче. Пред некој ден мм се јавил во општината и му рекле дека општината е финансиски многу слаба, немале пари за исплата за првороденче ...
     
  10. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Како нема да дава пари за првороденче не разбирам? Тоа важи за тие што им течи работен однос? Јас имам уште еден месец до пораѓај за после тоа да земам породилно
     
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.040
    Допаѓања:
    36.064
    Пол:
    Женски
    Јас не примив парична помош за новороденче, бидејќи не знаев дека даваат. Се породив пред година и пол.
     
  12. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Јас не сум вработена, колку што разбрав општината дава парична помош на сите прворотки без разлика на работниот однос, но ете општинариве викаат немало пари.
     
  13. bela-imela

    bela-imela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    130
    нема врска дали сте вработени или не. социјално секако дава пари за прворотка, а некои општини како што се Центар, Карпош, Аеродром... даваат плус пари (покрај социјално). Ама ете Хурем има други планови :lol:
     
  14. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    ееееееее за ова прв пат слушнав и стварно ќе беше убаво да дадат нешто :D али Хуреееееем стегната некако :D е сеа си мислам општината ако нема пари кој да има бе? цццц
     
  15. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Женички од општина Кисела Вода, конечно позитива :)

    „Општина Кисела Вода е во процедура на донесување на Програма за паричен надомест за секое новороденче во општината. Истата се очекува да биде усвоена на некоја од наредните седници на совет, како би се започнало со исплата некаде во втората половина на јули.“

    Ова го добив како одговор од службите во Општината, само заборавив да прашам кои документи ќе бидат потребни
     
    На Crnka88 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. cherry-pie

    cherry-pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    39
    Јас се водам под општина Карпош, тие колку даваат?? И не ми е јасно значи + и од социјално даваат, освен општината под која се водите (за социјално кој документи се потребни за да дадат)? ви благодарам :*
     
  17. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Стварно од тие што го поминале тоа-за во социјално кои документи се поднесуваат и најчесто за во општина кои документи се поднесуваат?
     
  18. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Za vo socijalno:
    -potvrda od mat.gin.za prvorodeno dete
    -fotokopii od licnite karti na roditelite
    -fotokopija od izvodot na bebeto
    -fotokopija od transakciona smetka na majkata
    -fotokopija od vencalen list
    -baranje( od tamu ti go davat).

    Za vo opstina ne znam,ne sum podnesuvala.
     
    На ilence му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ikame

    ikame Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    во карпош даваат 3500ден , а од социјално 5000 ден.
    за социјално ке одиш во Влае кај школото Димо Хаџи Димов има бараки и тука ке поднесеш
    dravo sakam da prasam mi se rodi since sto treba da dadm dukumenti za da dobijam ednokratna pomos za novorodence
    Почитувани,надлежен за решавање по барањата за остварување на правото на еднократна парична помош за новороденче е центарот за социјална работа надлежен за подрачјето на кое мајката има постојано место на живеење, а барањето со потребната документација до надлежниот центар се поднесува најдоцна до наполнети три месеци живот на детето. За прво новородено дете се смета дете кое е прво живородено дете по ред на раѓање на децата на мајката, како и кога ќе роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројка и повеќе) при првото раѓање. Право на користење на еднократна парична помош за новороденче има еден од родителите, државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија за дете родено на територијата на Република Македонија. Кон барањето се поднесуваат докази во зависност од тоа кој е поднесувач на барањето и тоа: 1.лична карта од мајката(фотокопија)со оригинал на увид; 2. мајчина книшка на увид за мајката или потврда од лекар специјалист за редот на раѓање на детето 3. извод од матична книга на родени за детето; 4. доказ за државјанство на барателот; 5. лична карта од таткото(фотокопија) со оригинал на увид ( во случај кога мајката не е државјанин на Република Македонија, а склучила брак со државјанин на Република Македонија)
    а за во општина


    БАРАЊЕ
    ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНА ПАРИЧНА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВА СО НОВОРОДЕНЧЕ, РОДЕНО ВО 201__ ГОДИНА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КАРПОШ

    Врз основа на точка 4, алинеја „ѓ” од Програмата за спроведување на социјалната заштита и заштитата на децата, граѓани на општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош“ бр. 09/09 и 3/11), поднесувам барање за доделување еднократна парична помош во износ од 3500,00 денари, за новороденче родено во 201__ година на подрачјето на општина Карпош.

    1. Име и презиме на родителите /старателите/ ________________________________ _____________________________________________________________________________
    2. Сродство со новороденчето _________________________________________________
    3. Пол на новороденчето ______________________________________________________
    4. Датум и место на раѓање на новороденчето: _________________________________
    5. а) првородено б) второродено в) третородено г) друго
    6. Адреса на живеалиште _____________________________________________________ Населено место_____________________________________________________________
    7. Контакт телефон ____________________________

    Во прилог на барањето ја доставувам следната документација:
    1. Извод од матичната книга на родените /за новороденчето/ (фотокопија)
    2. Фотокопија од важечки лични карти (еден од родителите да е жител на О.Карпош повеќе од една година)
    3. Фотокопија од трансакциска сметка.


    Се согласувам кон целокупната документација да биде приложена и фотокопија од мојот документ за лична идентификација, при што податоците од истиот ќе се користат исклучиво за реализирање на предметното барање.
    и плус 50 ден на жиро сметка овој формулар у општина ке го земеш
     
    На cherry-pie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Tие пари што ги даваат за првородено дете се уствари наместо торбицата што ја даваа порано на времето....или грешка сум :?: :?: :?: