Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Еднократна парична помош за новороденче

Дискусија во 'Бебе' започната од Unique.chick, 30 август 2012.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.480
    Допаѓања:
    201.359
    Пол:
    Женски
    Не си грешка, така е. Инаку, ние добивме само од општината, ако не грешам.
     
  2. cherry-pie

    cherry-pie Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    39
    ikame фала ти ептен за инфото :D ете и таа работа сега ја знам, зашто да пропаднат парите...Само се изненадив општина Карпош мислев повеке ке дадат..како и да е кој ти ги дава парите у денешно време. Поздравче :f: :f: :f:
     
  3. MaliotPrinc

    MaliotPrinc Активен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    16
    Женички повелете :)

    „Општина Кисела Вода со помош од 6.000 денари за секое новороденче“

    „На секое семејство со новороденче родено во периодот од 20-ти јуни па до 31-ви декември 2013 година, со живеалиште на територијата на скопската општина Кисела Вода, ќе му биде доделена еднократна парична помош во износ од 6.000,00 денари.“

    „Еднократна парична помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејството, до Општина Кисела Вода, со уредно приложена документација на увид, која ќе го потврди раѓањето на новиот член на семејството и територијалната припадност (живеалиште), на подрачјето на општината Кисела Вода. Тоа значи дека двата родители треба да се жители на општината и покрај барањето кое можат да го подигнат од Општината, неопходно е да достават на увид и важечки лични карти или други исправи за лична идентификација (една во случај на самохран родител), како и Извод од матична книга на родените за новороденчето.
    Истовремено, барателите кон пријавата неопходно е да приложат и фотокопија од трансакциона сметка. Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.“
     
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    незнаев каде да го поставам прашањево....па еве тука :)
    Јатрв ми има бизначиња и сега ако роди уште едно дете дали ке може да зима надоместок за трето дете?

    Зборела со некоја пријателка и таа и рекла дека немало да зима бидејќи и се рачунало како една бременост :?:
     
  5. bebe.Marta2

    bebe.Marta2 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    35
    мамички знае ли некој како е за гази баба и каде треба во социјално да се достават докумемтите. позз
     
  6. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    Се брои бројот на живо родени деца ,независно како и од колку мажи) само на сила беше надоместок за трето дете другите ги укинаа е сега дали уште важи да се праша во општината каде што се води зошто таму се поднесуват документи
     
  7. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    после колку време од поднесување на документи ги земавте парите?
     
  8. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Loki jas od socijalnoto gi zedov za mesec i pol, mi gi donese cicko postar na vrata.A od opstina se uste ne sum gi zela,koj znae dali i ke gi dadat :?:
     
  9. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    Ние веќе 2 и пол месеци како поднесовме и ништо уште нема. ( од социјално )
     
  10. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае да ме упати во Општина Центар каде точно да се обратам за еднократна помош, за да ми даде информација што документи се потребни, каде точно се поднесува и сл.?
     
  11. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Општина Центар дава 5.000,00 ден. еднократна помошм а се поднесуваат во една од бараките во парк. Ти треба извод од детето (бебето) и лична карта од мајката.
     
    На Vetruska му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Законот сеуште важи, но е малку безвезе затоашто близнаци, тројка итн. ги рачунаат како едно родено дете. Значи за да земе пари треба три пати да се породи :^)
     
  13. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Не е така.Се смета бројот на децата,без разлика на бременостите.
    Другарка ми со едно дете,забремени за второ-роди близначиња(значи една бременост) и зема надоместок за трето дете од висина од 8000 и нешто.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Да не знаеете колку изнесува еднократната помош во Карпош??
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Како оди оваа еднократна помош?
    Која е процедурата, од социјално и од општина читам по нет се добивало. Ништо незнам во врска со ова :|
    Некаде читам важело само за општините со опаднат наталитет-вистина ли е ова?
    Некаде читам за сите важело.
    Што документи се потребни, кој е рокот и како за пријавување? Или ќе морам директно во општина Чаир да одам?
     
  16. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Еве кои се потербни документи за социјално :
    Поднесувачот на барањето за еднократна парична помош за новороденче со барањето за остварување на право на еднократна парична помош за новороденче приложува:
    1. лична карта од мајката (фотокопија) со оригинал на увид;
    2. мајчина книшка на увид за мајката или потврда од лекар специјалист за редот на раѓање на детето;
    3. извод од матичната книга на родени за детето;
    4. доказ за државјанство на барателот; и
    5. лична карта од таткото (фотокопија) со оригинал на увид, во случаите од став 2 на член 3 од овој правилник.

    Поднесувачот на барањето за еднократна парична помош за новороденче со барањето за остварување на право на еднократна парична помош за посвоено дете приложува :
    1. лична карта од мајката (фотокопија) со оригинал на увид;
    2. извод од матичната книга на родени за детето;
    3. доказ за државјанство на барателот; и
    4. доказ од центарот за социјална работа за ред на посвојување на детето.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    1.079
    А ЗА ТЕТОВО ЗНАЕ НЕКОЈ ОВА ДА ПОСТОИ ? :^)
     
  18. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    3500 denari
     
  19. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Еве што документи бараат општините:
    *извод од мк на родени за бебето
    *извод од мк на венчани
    *лични карти од двајцата родители со адреси на живеење во општината
    *трансакциона сметка на едниот родител
    *барање кое го добиваме во општината
     
  20. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.045
    Допаѓања:
    1.127
    Ја листав темата за да видам што и како би можело да се добие и ми влезе во очи ... овие пари не ги следува самохраните мајки? Мора лични карти од двајцата и венчален лист? Апсурдно е ама они си знаат.