Јас имав и мајчина книшка па ми побараа и потврда од матичен гинеколог од социјалното.Така да тоа мора.
Што се случи со новиот закон знае некоја? За второ дете на 20000 што е, нели што се укина за трето дете до 18 туку само еднократна помош е 60000 мислам. Е мене за 2торо ме интересира родено во мај.
За колку време стигаат парите од социјално и дали после поднесување на документи има уште некоја постапка ?
Откако ќе добиете решение со бројче од мтсп се оди во банка. Банката прави пријава до 25 во месецот. Дури после тоа имате идплата. Така да ако поднесете на почеток на месец, пријава се направи на крај (25), што значи од пријава исплата е минимум еден месец.
Зависи која, центар мене не ми дадоа ништо, рекоа на сметка ќе стигнат, ама еве уште чекам поминаа два три месеци, а од социјално мораш во банка со решението од кај нив и после мн брзо ги префрлаат
Дали на некоја и имат барано потврда за претходно живеалиште ( при промена на град) и од каде има извадено?
Каква потврда од матичен треба? И мајчина книшка кој дава, матичниот гин или кога се пораѓаш? Јас немам ништо од ова Документи освен трансакциска, извод од бебчо и л.к., што друго треба за во социјално, а што за во општина? И дали треба оргинал извод или копија?
Потврда за првородено дете од матичен гинеколог,мајчина книшка ти е од болница коа се пораѓаш,извод копија и транскациска сметка копија.Тие мислам беа.Провери баш на нет на барањата нивни имаше точно кои документи се за социјално кои за општина.Ќе заборавев вадев документ за постојано живеалиште и тоа лично и тоа требаше за социјалното.
Читам неколку страни наназад никој не пишал што конкретни документи треба за второродено. Има еден образец треба да се пополни,венчаница ваљда треба извод од бебето копии ид лични карти од родителите,потврда за живородено бебе.... Друго?
Денес поднесов мила вака копија од Извод од бебето Извод од првото дете Потврда од болница за второ живо родено дете Трансакциска сметка Лични карти моја и од сопругот Изјава и барање ти даваат таму да пополниш. После ова стигнува на домашна адреса решение и потврда со број која се носи во банката каде ќе ти исплатат пари после проверување на бројот од социјално и тој од потврдата.процедурата е околу еден месец мене ми рече секој петти во месецот исплаќаме е сега јас нема да успеам на петти септември да земам затоа тоа ќе биде најверојатно во октомври