@Martka од општина ти следува ако со сопругот немате примања повисоки од 30000 вкупно. Мислам дека 9000 беа од општина, ама јас не исполнував услови и не прашував понатаму. Од социјално ти следуваат 5000 ден за првородено. Документи: од матичен потврда дека е првородено, извод, трансакциска и толку. Се поднесува во бараките што се кај Катастар во уличките. Така беше пред 1.5 година, сега ако има некоја промена незнам
Фала ти мила од срце...Среќа а јас мислев ќе чекам многу на одговор,дека е темава помалце активна.Само да те прашам 9.000 од општина Карпош или......
Да да општина Карпош. Секоја општина различно дава, нашава најмногу ама па само на соц загрозени семејства или така нешто. За префрлање незнам како иде оти мене не ми дадоа ни од социјално ни од општина. По темиве како читам треба да си земеш од социјално некој лист и во банка да го однесеш и после за брзо префрлаат пари. И решение стига по пошта некакво. Ама за тоа немам лично искуство јас не земав никакви пари за децава.
Има ли во групата некоја со искуство за примен надомест за второ дете од социјално во износ од 20000 ден? Дали овој надомест е ограничен само на тие што имаат примања до 30000 денари или на сите им следува? Благодарам, убав ден
Мила не им следува на тие што имаат буџетска плата над 30.000,00денари.Ако во фамилијата имате плата ти и сопругот до 30.000 денари ви следува,а што е над не следува.Сопругот мој беше вчера и ни бараа две потврди моја и на мм за месечни примања и за да добиеме не треба да надминуваат 30.000 денари.Нефер и мизерно,но каква држава такви закони.Бљак.Секое добро и честитки за малото,живо и здраво и големо да расне.П.С.Во една европска држава детски додаток е 30.000 евра,кај нас
ние со мм сме осигурани со минимална плата па ни иде околу 25 000 ама земаме плус за 3та смена или викенди ако се работи. Не знам како одат тие пресметки,маж ми беше праша ни дадоа формулар не прашаа уопште за примањата рекоа само сметка да отворам во некоја друга банка зашто со комерцијална не работеле. Исто и една моја колешка и комшивка,си зеде за второ дете не ја ни прашале за примањата а и сестрата од матичниот гинеколог ми пиша дека ми следува да си земам потврда од кај нив и да појдам да си поднесам документи.
За жал предвидливи ми беа такви нејасни одредби...и за жал очекувани, значи да не очекувам Да сме си живи и здрави,како досега без тие така и понатаму,но најават на законот даваше неоснована надеж. Поздрав за родителите, да си ги гледаме дечињата!
Мила Вие препрашајте си да не сум јас после кабает.Ние со сопругот имам вкупно 27.000 денари примања па ваљда ќе ни одобрат.Но мислам дека не е фер.Тие не се деца новородени.Треба на сите да дадат.Срамота каква делба.Нека пишат феминките коишто се со вкупни примања над 30.000 илјади денари.Чисто сумљам дека внуката на Катица Јанева не земала.Ако нека земе,ама нека земе и обичниот граѓанин.Се нервирам,а дојам.
Јас знам дека на сите им следува. Затоа најдобро да си прашате. Исто како што и за прво на сите им следува. Прашав и правник уште пред неколку месеци ми рече дека нема врска примањата. На интернет го најдов ова
Затоа реков не се јасни, ајде да видиме некој со искуство што земал а случајно има над 30000 денари вкупни приходи. Поздрав
Дали бројчето што го даваат во општина како потврда дека се поднесени документи за еднократна помош треба да се носи во банка? Која е процедурата? Имам поднесено во мај и уште немам исплата?
Мила по некоја логика треба да е ви вид на документ вероватно.Мм брка работа деновиве па ќе ти кажам.Поздрав