а тоа дека ќе се исплатат на 5ти важи за сите или има врска во која банка е? Јас утре ќе ги носам документите во нлб банка па да се надевам на 5ти или здравје за еден месец?
Мила мм се врати од социјално и му дале потврда на А 4 формат со социјален нивен број за во банка да знаат на кој број (барање)да ги префрлат парите.Иначе ова за Скопје.
@marchi-cool , @honeyboney Претпоставувам дека на сите ќе ги пуштат. И јас сум во НЛБ доколку ми пуштат деновиве ќе ви пишам.
За сите кои ги интересира. За исплати од општина не се носи ништо во банка. Општините исплаќаат дирекно на сметка. Во банка се носи само социјалното бројче за исплата од МТСП. Исплати секаде има денес. Пријави/одјави банките прават по ново до последниот ден од месецот за исплати во наредниот месец. Се останато оди во пријава наредниот месец - исплата за два месеци. Сите пријави до 30.09 ќе примат пари нареден месец на 04.10
Мене па ми рекоа исплата 5ти октомври документи вторникот доставив. А нешто бројче не требаше да дадат? Во банка нели да се однесело. И решение нешто не требаше да ни достават?
Бројчето за во банка што го даваат во социјално,се дава кога ги поднесуваш документите или се јавуваат телефонски?
Мила потврдата со социјалното бројче го носиш во банка и мораш лично ти.За тие што поднеле до 7,исплата нареден месец.Пр.Ако е поднесено 7.9 исплата ќе има накај 7.10.Честитки за малото,голем да расте,а тебе брзо опоравување.
во мојот случај маж ми беше и му рекоа дека до 16ти била на одмор таа што е надлежна за тие работи. Па на 16ти-17ти пак ќе појде. А дека јас лично ќе појдам со бројчето во банка тоа многу тешко.
Фала срцка. А кога поднесе документи во социјално ти дадоа нешто или? Зошто мене само ми рекоа дека ќе ми се јават телефонски за бројче,не ми дадоа ништо сега.
Од банка на потврдата ми се потпишаа од банката на која дата го поднесов.Го поднесов на 5 септември и ми рекоа дека ќе ми исплатат од 1-7 октомври.Јас сум во стопанска банка,но мислам секаде е исто.Поздрав
Здраво мајки, ме интересира која е процедурата и кои документи се потребни за надоместок за прво дете. Јас сум од Охрид а се породив во Скопје пред месец и пол, ме интересира дали и од општината и од социјално имам право на надоместок? Поздрав и убав ден
Мене ме интересира дали се зема само од општината каде што живееме или и од Град Скопје. Дали имате некое инфо?