Град Скопје не исплаќа. Еднократна парична помош се зема за прво дете за сите од министерство за труд и социјална политика + опшината ако има политика за исплата (не сите општини даваат)
Zenski kade tocno se podnesuvaat dokumenti za vtororodeno za nadomestok od min. za trud i socijala? A kade zs od pmopstina karpos, i dali karpos dava za vtororodeno?
Јас поднесов во општина Карпош (во архивата)и ми исплатија точно 4.000 денари,за првородено,за неполн месец,а кај педагошки факултет архивата за другиот надоместок,не знам колку е...сеуште не ми е исплатено,а поднесов на почеток на септември.Кога ќе добијам,ќе ви пишам колку сум добила.
Решението од социјално колку време го чекавте? Јас пред месец дена поднесов барање и као да чекам да ми се јават или дека ќе ми пратат решение на домашна адреса,па потоа бројчето да го носам во банка. Или не сум разбрала нешто како што треба?
Мм поднесе документи и во општина и во социјално за да земеме надоместок за прво детенце.Поднесовме крај на август за во општина(и ни исплатија 4.000,00за еден месец),а од социјала мм поднесе со сите документи и му дадоа бројче(на рака)и му дадоа документ(А4 формат,за во банка да го однесам).Ми префрлија пари 5.000,00пред некој ден Ова за Ск.@Мариаа.
јас па во бакна веќе појдов со документ каде што веднаш ми го дадоа одкако однесов документи во социјалното. Сега ова што го имам е решение,не верувам да треба пак да се оди во банка
Мајки што бебушки ви се родени во август , ви пуштија ли пари за прво дете? Во септември месец ми стигна решение и бројче за во банка, завршив веднаш со тоа работа , но сеуште ги нема тие долго чекани 5000чиња