Да не знае некоја каде се вади потврда дека сум жител на државава во последните 12 месеци ?Треба да однесам за второ дете па ова ми бараат.
Здраво сакам да прашам јас сум породена во Штип а живеам во Кочани..е сега за еднократна помош од општина што даваат дали треба каде е родено детето да се поднесе (Штип) или каде живееме (Кочани) ако знае некој да ми објасни како и кои документи се потребни
Во општината каде живеете. Јас живеам во општина к.вода но по лична карта се водиме во друга општина. Поднесовме таму кај што сме по лична карта.
И кај мене не свирна апликацијата, ама бргу ги пуштија во банка однесов пред недела и пол ,а вчера веќе беа пуштени
И јас имав поднесено првите денови од декември, број од социјално добив пред неколку дена, од прилика за еден месец. Никој не ми се јави сама проверив по еден месец беше готово заедно со решението. Провери си досега треба да е изработено.
После колку време од прилика ви имаат исплатено пари од општина? Маж ми поднесе почеток на декември, уште ништо нема. Ништо не му издадоа, само му рекоа да очекува пари директно на сметка. Леџит е муабетов или сепак некакви решенија треба да подигнеме? За општина Аеродром се работи
Да не знаете колку е рокот за да се поднесе за паричен надоместок за првородено дете?? Мора одма или...