Во МВР. Инаку, за какви било информации за права од детска заштита или секакви права што одат преку социјално, слободно, ќе ви кажам се. Пошто нагоре прочитав многу работи што немаат врска.
Пошто сега е вака ко што е, да не одите да земате барања па да пополнувате па да се враќате пак со сите документи, ако сакате и ако имате можност да си ги испринтате, јас ќе ви испратам барање и изјави за се. И се заедно само ќе си предадете наместо да чекате ред за да земете барање, па друг ден ред за да предадете документи... Не знам како би се изведило тоа, ретко некој принтер да има дома, ама ако треба нешто тука сум.
Од општина Кисела Вода сум, таму имаме исто поднесено,а во социјално поднесовме за таа помош они што ја даваат..ама еве месец и кусур уште не можеме потврда да земеме
Да, како доказ дека последната година си била жител на државава, пошто можеш да живееш пример во Германија, па да дојдеш да земеш само пари, демек јаки пари се и ќе се замараш, ама поради тоа треба. Извади си.
А мора мајката да вади потврда за жителство или може тоа таткото да заврши? Зашто јас си планирав мм да ги заврши тие ствари околу паричната помош. И сега со состојбата дали се вади електронски потврдата?
Мораш лично ти со лична карта на увид, не може така, тоа е доказ дека си тука, а ти да не се појавиш?!
не може, мајката треба да извади. Ама ако имате некој по МВР не мора ти да одиш, може било кој да ти извади
Не, сите права се на име на мајката. Освен ако се разведени и таткото има решение за старателство и кај него се децата или мајката е почината. Нас ни потенцираа од оваа год дека секое право е на име на мајката и секаде мора мајката да биди присутна со валидна лична карта на увид, со пополнети барања на нејзино име и уверение за жителство од неа. Работа на МВР е тоа дали може друг да ја земе, ама по логика некоја ако докажуваш дека си тука ваљда треба да одиш лично, ама чим викаш така можеби може. Или ви прогледале низ прсти.
Бидејќи личната карта ми е на различна адреса во различен град со сегашното местото на живеење кое го имам, каде ќе треба да ги поднесам документите? Во градот каде што ќе се породам или таму каде што се водам по лична карта?
комшијата ни работи во МВР па така успеавме инаку ќе требаше јас да одам. А сега за потврда беше сопругот со мојата лична карта, можело ама не била готова потврдата