Па истото го збориме цело време Мајката е носител, мајката остварува право, мајката поднесува документи, а за ситници ко потврди или ти се изгубило решението или социјален број или информација може некој друг.
Здраво, да не знае некој скоро што вадел потврда за жителство, што документи бараат? И дали се вади во екс Комерцијална? Поздрав
на татко ми денес му ја дале потврдата што се носи во банка. Му рекле во Стопанска или па он така разбрал. Сите ли ги носите во Стопанска и има ли врска што немам таму сметка?
Не е сигурно само Стопанска, ама не знам дали баш може во секоја банка. Најдобро прашај на контакт центар во твојата банка. Само ќе треба лично да одиш со потврдата во банка, нема да може друг наместо тебе.
Маж ми ја зема пред недела дена и му рекле ова ливче се носи во банка. Нормално си го однесов во банката каде што имам сметка,не ми е логично во друга банка да се носи
Мене зошто личната карта не ми беше постара од година дена на новата адреса ми рекоа да извадам,отидов во телевизија таму се пополнува еден лист само незнам кои документи точно ми ги бараа,знам дека треба венчаница и можеби копија од лична карта на сопругот ама јави се прашај
Да, претпоставував дека не може баш во сите банки. Ќе мора да отвориш сметка во некоја од овие кај што може, ете во Стопанска на пример, за да ги префрлат парите таму, па здравје после затвори ја.
Да ве прашам геникологот ми даде потврда за второ дете давале 20.000 ден за второ дете еднократна помош знаете каде треба да се однесе оваа потврда и дали мора да има конкретна банка или може во таа банка кај што си имам сметка?
Со таа потврда од гинекологот ја носиш во социјално (во општината каде што живееш) и после тоа ти даваат потврда и ја носиш во банка каде што имаш сметка
Мајки ви имаат исплатено за еднократна помош? Пред еден месец однесов во банка потврда и сеуште нема исплата