Срам да ти е! И што бараш воопшто во темава кога не си мајка . Се закара со членките ! Срамота !!! Во земјава кај што сте , претставувате ИЗБЕГЛИЦИ и затоа сте најискомплексирани индивидуи И ај гитла , срам да ти е !
Дадовме документи за второродено дете пред еден месец, маж ми поднесе му дале едно ливче и ништо друго не му рекле. За што е тоа ливче треба со него во банка да одам ли?
ако е вакво со ова треба пак назад за да ви го дадат бројот за во банка..исто на лист ама малце поголем
Ако си вадел лична карта со ново живеалиште во друг град, сега Скопје, се вади потврдата во Скопје или во градот од претходното живеалиште?
Даваат ли надомест за трето дете, како за прво и второ, еднократна парична помош од 5-6 илјади во Гази Баба? Има ли рок до кога треба да се поднесе барањето? На маж ми му рекле во општина дека не давале ништо, гарант мислеле на оној надомест за трето дете што го укинаа, не ми се верува дека не даваат еднократна парична помош за новороденче без разлика кое по ред е.
Ама не мислев на општината, нашава не дава, туку на оној надомест што го дава центарот за социјални работи. Ама еве видов во Закон за заштита на децата дека се давале само за прво родено 5000 и второ 20000, а мене за близнаците ми дадоа по 5000 за двете, а за второто од нив требало 20.000. Рокот е три месеци од раѓање. Испаѓа дека за трето ништо не следува. Која мизерна држава сме, те кочат у секој поглед. Додека држави како Унгарија ги зголемуваат поволностите за брачните парови со деца(доделување стан, парична помош, бришење рати од станбен кредит итн) нашиве и крвта да можат ќе ни ја исцицаат.
Вчера беше мм во социјално во Гази Баба, му дадоа барања да ги пополниме. Рокот е 3 месеци и би требало да даваат за било кое дете по ред. Нас ни е прво ама никој не не праша за тоа. Тоа за прво 5000, второ 20000,трето 60000 ги даваат општините, Гази Баба мислам е единствена што не дава.
Мин. за труд и соц. политика ги дава тие средства, а општините даваат од 5000-10000, зависи од општина
Јас мислам дека даваат тоа не е од општина туку од град Скопје од труд и социјала ,распрашајте се поубаво во оние бараките кај рампа ,бар таму ние поднесувавме барање за синчето пред 3 год.
Нели го укинаа надоместокот што се земаше до 11 години, и наместо тоа за трето дете да даваат по 60000 денари? Ова го најдов, веројатно е официјално, за трето дете ништо не следува. http://www.mtsp.gov.mk/prava-od-detska-zashtita-ns_article-pomosh-za-oprema-na-novorodence.nspx